9.4. Покајанието на Јаков

9.4. Покајанието на Јаков

Третата и најважна мерка на претпазливост била Јаков да бара Божја заштита во молитва. Тој сигурно бил длабоко свесен дека не ја заслужува Божјата грижа и заштита, бидејќи токму поради неговите себични дела и измами Исав бил толку гневен на него. Но Бог се опишува себеси во Библијата како Бог кој „не постапува со нас според нашите гревови и не ни плаќа според нашите беззаконија“ (Псалм 103,10).

Јаков се покајал за своето недостојно одне­су­­вање и Бог му простил.

Додека се молел, Бож­ји ангел се појавил пред него.

„Како се викаш?” – прашал ангелот.

„Јаков”, одговорил тој, а тоа би­ло болно потсетување на неговите мина­ти гревови и признавање дека тој бил измамникот.

Потоа настапила божествената потврда за прифаќање, небесно проштавање и уверување дека Јаковови­от карактер се сменил на подобро.

„Отсега името нема да ти биде Јаков (измамник), туку Израел“ (1. Мојсеева 32,22-29).

Израел значи „се стреми кон Господа”. Тоа покажувало дека Јакововите покајнички молитви се прифатени од Бога.

Па така, дванае­сет­те синови на Јаков станале прататковци на дванаесетте израелски племиња.

Потокот Јавок

Овој небесен благослов бил даден кај потокот Јавок. Аман е главен град на сегашната држава Јордан. Од Аман, посетителите на Јераш патуваaт северно околу 30 километри по висорамнината, додека не дојдат до длабока клисура. Патот е многу кривулест и се спушта надолу речи­си 600 метри, а на нејзиното дно тече една река. Тоа е потокот Јавок.

Ова сигурно било страшно искуство за Јаков – да се моли покрај овој осамен поток, знаејќи дека следното утро ќе дојде Исав, со неговите 400 добро вооружени поданици, за да се одмазди.

Но, молитвата на Јаков била веднаш прифатена.

Двајцата браќа подоцна се смириле и се раздвоиле со најдобри меѓусебни односи.

„И така Исав го продолжи уште истиот ден сво­јот пат кон Сеир“ (1. Мојсеева 33,16).

Не е опишано дали Исав всушност живеел во областа Петра или, пак, во околните делови, но неговите наследници со сигурност живееле во оваа долина.

Бидејќи нејзината стратешка локација овозможувала максимална сигурност, најверојатно Исав ту­ка живеел и го создавал своето потомство. За кратко време тие станале народ за кој требало да се размислува. Листата на нивните племенски старешини е запишана во 1. Мојсеева 36 глава. Откако племето прераснало во народ, тоа било управувано од повеќе цареви (1. Мојсеева 36,31-40).

Околината на потокот Јавок