2.7. Ај против Атон

2.7. Ај против Атон

Наследникот на Тутанкамон, постар и искусен државник-свештеник по име Ај, го приграбил не само престолот туку и вдовицата на Тутанкамон, Анкесенамен. Него го наследил жестокиот фараон-војник, Хоремхеб, кој бил посветен верник на старата религија на Амон. Тој очигледно го презирал обожавањето на Атон, кое Ехнатон се обидел да му го наметне на египетскиот народ, па својата одмазда ја демонстрирал со тоа што неговите работници ги испратил по цел Египет да ги уништат спомениците на Атон, обезличувајќи ги, бришејќи го името на Атон и кршејќи ги статуите на Ехнатон.

Кога умрел Хоремхеб, него го наследил неговиот везир (главен советник), Рамзес I, со кого започнала 19. династија. Рамзес I владеел само две години, а потоа го наследил неговиот син, Сети I, кој започнал серија воени походи во Палестина и Сирија. Сети I започнал да гради огромни столбови во големата палата во Карнак, а неговиот храм во Абидос сè уште е во извонредна состојба. Камениот покрив останал неоштетен, што овозможило да се зачуваат и боите на прекрасните цртежи на ѕидовите. Неговата мумија е најдобро сочувана мумија од сите фараони.