8.5. Откритија во кралската гробница

8.5. Откритија во кралската гробница

Кога кралската гробница била испразнета од сите предмети, Вули го повлекол дрвениот ковчег и под него открил отвор од пониско поставена гробница. Очигледно е дека работни­ците што ја ис­ко­пале подоцнежната гробница, ја пробиле прет­ход­на­та, а потоа го ставиле ковчегот преку неј­зи­ниот отвор за да ја сокријат гробницата. Најверојатно, ова било направено за да може да ја ограбат доколку им се укаже можност. Дури и ако успе­але да влезат во гробницата, нивниот грабеж бил спречен, бидејќи во оваа гробница биле пронајдени многу предмети.

На почетокот од платформата што водел кон дупка­та, надвор од кралскиот гроб, лежеле шест војници со бакарни копја покрај нив и со згмечени бакарни шлемови над скршените черепи. Две дрвени за­преж­­ни ко­ли на чети­ри тркала, кои биле влечени од три вола, се наоѓале одзади, при дното на платформата. Коњушарите лежеле кај главите на во­ловите, а кочи­ја­ши­­те лежеле внатре во запрежните коли.

Цилиндричниот пе­­­чат пронајден во главната гробница го носел името А-бар-ги (A-bar-gi). Тој најверојатно бил со кралско потекло. Биле пронајдени и два мо­дела на чамци, а едниот од нив, кој бил прекрасно сочуван, бил сребрен. Интересно за овие чамци е тоа што се речиси идентични со денешните бродови кои пловат низ мочуриштето на долен Еуфрат. Ова укажува дека обичаите на луѓето мошне малку се менуваат со текот на времето.

На крајот на овој гроб се наоѓал гробот на кралицата Шуб-ад (Shub-ad). Нејзи­но­то име било напишано на прекрасен ци­лин­дричен печат направен од лазулит. Заедно со неа била закопана извонредна колекци­ја на златен и сребрен накит, како и накит направен од полускапоцени камења. На нејзината глава се наоѓала прекрасна и мошне компликувана круна или накит за глава. Черепот на кралицата бил многу здробен, , но бил направен калап од гипс од еден добро сочуван женски череп од тоа време и преку овој череп господин Вули, следејќи ја структурата на коските на главата, обликувал женско лице. 

Во главната гроб­­­­ница, Вули нашол две мали статуи од кози, кои стоеле на задните но­зе, а предните им се одморале на гранките од една грмушка. Кога било објаве­но ова откритие, не­кои лу­ѓе биле во искушение да го идентификуваат со сторијата за Аврам, според која бил жртвуван овен како замена за синот Исак. Бидејќи Аврам потекнувал од Ур, се смета дека овој настан бил забележан во Ур и дека овие статуи биле направени во негов спомен. Меѓутоа, приказната за Аврам потекнувала од период по првата династија на Ур и токму поради тоа тешко може да се поврзе со овие статуи.

Знамето од Ур

Вреди да се спомене уште едно извонредно откритие. Најголемата изградена кралска камена гробница била ограбена долго време пред Вули да започне со своите ископувања. Меѓутоа, додека се расчистувал последниот агол од празната гробница, се појавило украсно парче од школка. Надзорникот на гробницата внимателно ја отстранил земјата и открил мозаик направен од лазулит и школки. Дрвената основа била потполно уништена, но со истурање на топол восок над изложените парчиња можел да се сочува оригиналниот дизајн. Кога го зеле целиот предмет и го реставрирале, се покажало дека бил од огромно значење. Станал познат како царското знаме на Ур, бидејќи го прикачувале за крајот од копјето и го носеле за време на различни церемонии, а можеби го носеле и во битка. Бил со големина од 55 х 22,5 сантиметри и на едната страна биле прикажани низа домашни сцени кои ни помагаат одлично да го разбереме нивниот начин на живот. На другата страна, пак, биле прикажани низа воени сцени. Тука може да се види детална слика за војската на Сумерците која го покорувала секој народ што се нао­ѓал од персискиот залив до планините на Анадо­лија во Турција. Нивното оружје било далеку понадмоќно од оружјето на нивните непријатели. Во споредба со соседните земји имале понапредна употреба на воените кочии. Александар Македонски, кој користел фаланга, пешадиска воена формација, и со која имал толку смртоносен резултат, била користена од страна на Сумерците илјадници години пред тој да дојде на сцена.