7.8. Ксеркс планира инвазија

7.8. Ксеркс планира инвазија

Меѓутоа, најголема преокупација на Ксеркс била инвазијата на Грција, нешто што се обидел да го направи татко му, но не успеал во тоа. На почетокот на 483 г. пред Христа, тој почнал со подготовките за масивен поход, и без сомнение, за да ја придобие поддршката за оваа кампа­ња и да се советува со сво­ите вода­чи, тој организирал раскошна гоз­ба во неговата палата во Суза што траела 180 дена. На оваа гозба се случил еден инцидент. Библијата го забележала овој настан:

„На седмиот ден, кога срцето на царот се развесели од виното, тој нареди да ја донесат царицата Астина пред царевото лице со царски венец за да им ја покаже нејзината убавина на народите и на кнезовите, зашто таа беше многу убава“ (Книга за Естира 1,10.11).

Ова било нечуено барање, кое претставувало навреда за пристојноста на источната жена, и царот никогаш немало да побара вакво нешто ако не бил под влијание на виното. Убавата царица била шокирана од барањето.

Царицата Астина (Вашти)

„Но царицата Астина не сакаше да дојде според царевата наредба, соопштена преку евнусите“ (стих 12).

Ова, се разбира, создало дилема кај царот и неговите благородници мислеле дека тоа претставува закана за нивниот домашен авторитет, па тие го посоветувале царот да ја отстрани Астина и да назначи нова царица. Царот го послушал нивниот совет.

Астина била симната и по наредба сите убави млади жени од царството требало да се соберат кај Ксеркс во Суза за да си избере нова царица.

Ксеркс и неговиот запис, по углед на Бехистунскиот натпис на царот Дариј

Нападот на Грција

Додека биле во тек овие подготовки, започнал и голем поход на Грција. Според Херодот, 5 283 320 луѓе трг­нале да маршираат, освен готвачките и жените на војни­ците. Го напуштиле Сарди пролетта 480 година пред Христа. Пловечкиот мост што го направиле врвни градители помогнал да се премине Хелеспонт. Невреме го уништило првиот таков мост, а тоа толку го разбеснило Ксеркс, што им наредил на своите луѓе да ги казнат водите на Хелеспонт со 300 удари со камшик. (Денес ова е познато како теснецот Дарданели на полуостровот Галиполе, што укажува на проширување на територи­јата на ова кралство сè до Тракија). Вториот мост бил поцврст и огромната војска на Ксеркс безбедно го поминала.

Кај тесниот премин кај Термопилите (Ther­mopylae), напаѓачите ги пресретнала храбра чета бранители под водство на басилејот Лео­ни­да од Спарта, во чија војска имало 7 000 луѓе. Тие храбро се бранеле. Меѓутоа, да не бил предавникот кој го повел персискиот одред низ планинското патче за да го нападне Леонида од задната страна, би можеле да ги задржат напаѓачите кај теснецот подолго време. Лео­нида ја поделил својата војска за да се соочи со непријателот и притоа оставил само 1400 војници во теснецот. Спартанците и Теспијците (Thespians) се бореле до последниот војник, а Ле­о­­ни­­­да бил во нај­теш­ки­­­­­от дел од бор­­­ба­та. По на­­­редба на Ксеркс, му ја от­­­секле гла­ва­та а него­во­то тело било на­би­ено на ко­лец. Тогаш Кс­еркс тргнал кон Атина и видел дека повеќето Грци се повлек­ле кон полуостровот Пе­ло­­по­нез. Освен неколкуте хра­бри борци кои оста­на­ле да го бранат Акро­пол (Acropolis), гра­дот бил напуштен. Персијците го нападнале Акропол, ги убиле бранителите, го ограбиле храмот, го зеле неговото богатство и запалиле сè што можело да гори.

Иако персиската војска била непобедлива на копно, била конечно поразена на вода. Грчките бродови ненадејно извојувале победа во битката кај Саламина (Salamis) и Ксеркс, лишен од своите водени залихи, бил принуден да се повлече. Персиската војска што ја оставил во Грција била поразена наредната година во битката кај Платea (Plataea), а сонот за персиското освојување на Грција пропаднал.

Приказ на битката кај Саламина