7.5. Дариј Велики и Бехистунскиот натпис

7.5. Дариј Велики и Бехистунскиот натпис

Во септември 522 г. пред Христа, поддржан од своите пријатели заговорници, Дариј одлучил да го преземе престолот. Тие пробиле во харемот, го убиле Смердис и го прогласиле Дариј за законски цар.

Но работите не се одвивале како што сакал Дариј. Ударот врз палатата бил сигнал за револт меѓу племињата кои до тогаш биле поданици на Персијците. Во наредните две години, Дариј морал да војува со непослушните водачи. Меѓутоа, токму тогаш тој ги покажал своите квалитети што му ја донеле титулата Дариј Велики. Кога конечно ги ставил бунтовниците „под нозе“, наредил начинот на кој ги поразил бунтовниците да се запише на камен на планината Загрос, во близина на селото Бехистун, на висина од 150 метри. Тој е познат како Бехистунски натпис и токму овој натпис бил клучот што помогнал да се дешифрира асирското клинесто писмо.

Бехистунските натписи се со висина од околу 15 метри и ширина од 25 m, а се врежани во варовничка карпа во непосредна близина на античкиот пат што ги поврзувал главните градови на Вавилон и Медија. Тоа е многу недостапно место, бидејќи древните градители ја израмниле карпата откако завршиле со врежување на натписот. Персискиот текст се состои од 414 реда сместени во пет колони; еламискиот од 593 реда во осум колони, додека вавилонскиот се состои од 112 реда.

Бехистунскиот натпис

Хенри Ролинсон (Henry Rawlinson) отишол во Индија во 1827 година како вработен во компа­нијата Источна Индија (East India Company). Шест години подоцна го пратиле во Персија со некои други офицери, за да ги реорганизира трупите на шахот. Додека бил таму, тој се заинтересирал за Бехистунскиот натпис и за период од две години бил во состојба да го препише поголемиот дел. Ова не било едноставно. Откако писарите на Дариј ја измазниле површината на карпата и ја запиша­ле пораката, тие оставиле остар раб под записот и го пресекле каменот под ликот на карпата точно под работ, скоро вертикално. За да го препише напишаното, Ролинсон требало да го спуштаат со јажиња од горниот дел на планината надолу.

Кога биле откриени, Бехистунските натписи имале исто значење за клинестото писмо како Каменот од Розета за египетските хиероглифи; тоа бил документ што овозможил да се дешифрира тоа древно и заборавено писмо.

Бехистунското клинесто писмо

Во 1840 година Ролинсон станал политички претставник во Кандахар во Авганистан, а подоцна се преселил во Багдад и таму бил во можност да го препи­ше останати­от дел од Бе­хис­тун­ски­от натпис и да посвети го­­лем дел од своето време во негово де­шифрира­ње. Прво го иден­­тификувал името Дариј и некои други имиња на владетели кои биле напишани на персиски јазик, јазик кој го зборувал течно.

Потоа продолжил да го преведува остатокот од персискиот натпис. Споредувајќи го персискиот извештај со истиот текст на асирски и на еламски јазик, на кој е напишан записот, тој бил во можност пред Кралското азиско друштво (Royal Asiatic Society) во 1846 година да претстави иста таква копија од натписот, заедно со неговиот превод.

Папирус со превод на Бехистунскиот запис на арамејски (лево), приказ на натписот со оштетувања (десно)

Меѓутоа, таму биле присутни неизбежните скептици, кои одрекувале дека таков комплек­сен запис е возможно да се преведе, и толку гласно ги кажувале своите критики што од Кралското азиско друштво биле принудени да презе­мат невиден чекор. Тие направиле копија од нео­­дамна откриеното „клинесто писмо“ и го ис­пратиле текстот до свои четворица образова­ни луѓе, кои тврделе дека можат да го прочи­таат и по налог да го преведат и запечатено да го ис­пратат на здружението.

Истражувачите, Ро­лин­сон, Талбот, Хинкс и Оперт (Rawlinson, Tal­bot, Hincks и Oppert) го исполниле барањето, и во определен период се добиени одгово­ри­те и прочи­тани пред сведоци. Се покажало де­ка „клинес­то­то писмо“ претставувало запис за асир­скиот крал Тиглат-пилесер (Tiglath-pileser), а преводи­те на четворицата биле во согласност еден со друг. Со ова конечно се реши­ло праша­ње­­­то и оттогаш натаму ваквите натпи­си со кли­несто писмо биле отворена книга за истражу­ва­чите.

Дариј ја проширува империјата

Дариј ја проширил Медо-персиската империја со цел да има поголема територија од која било друга империја во минатото. На исток границата се протегала дури до долината Инд во Индија. На запад, неговата војска влегла во Европа и ја окупирала Македонија и северна Грција.

Следен логичен чекор бил да се освои Грција и тој се обидел да го направи тоа во 492 и во 490 г. пред Христа, но секој обид бил не­успешен. Тој се подготвувал за трет поход во 486 година, кога починал.