Бесплатно запознајте ја Библијата  Светото писмо на

Стариот и Новиот завет

преку курсевите на интернет или во печатена форма

registrujte-se-1

Регистрирајте се
бесплатно

izaberite-kurs-1

Одберете
еден или повеќе курсеви

radite-tempom-koji-vam-odgovara-1

Работете со темпото
кое вам ви одговара

uradite-testove-1

Проверете го своето знаење
преку тестови

postavite-pitanja-1

Поставете му прашање
на библискиот учител

sertifikat-1

Примете диплома
за успешно завршениот курс

Одберете кој било курс

и започнете со истражување на непроценливите богатства на Библијата

Потрага

Човек брза, се бори, страда, ќе изоди толкав пат, а потоа… на крајот, сепак умира. Се чини премногу тешко за воопшто да има смисла. Не е ни чудо што се бориме со мачни прашања кои пекаат по одговори кои тешко се наоѓаат. Зошто постоиме? Од каде потекнуваме? На што можеме да се надеваме? Што е ова во коешто сме сега?

Откријте

Бог не сакал да се открие само во Библијата. Тој знае дека луѓето со кои живееме се пореални за нас од некој за кој само слушаме или читаме. Затоа решил да дојде на нашиот свет како вистинска личност. Бог се спуштил на нашето ниво и станал како нас за да нè научи како да живееме, како да бидеме среќни и навистина да согледаме каков е Тој.

Славните вистини на Библијата

Можеме ли сè уште да ѝ веруваме на Библијата во ова просветлено, софистицирано и секуларно време. Дали е вистинита? Дали е веродостојна? Дали е важна? Дали големите вистини што таа ги учи сè уште важат и денес? Дали е таа навистина Божја реч?

Верувањата на првите христијани

Каква била таа сила што ги водела првите христијани, ги поттикнувала, крепела и им помагала да се соочат со сурови прогонства и смрт? Какво било влијанието на Христовото учење и до кои големи промени довело во вековите што следеле?

Сторијата за апостол Павле

Некогаш немилосрдниот гонител на христијаните доживува чудесна преобразба по средбата со Христа. Запознајте го апостол Павле како човек од акција, вера, чесност и истрајност до смрт…

Тајните на пророштвата

Која е целта и важноста на библиските пророштва? Зошто пророштвата се напишани со таинствени кодови, шифри и симболи? Колку е веродостојно некое библиско пророштво?

Археологија – ископување на минатото

Многу библиски извештаи биле расветлени дури по археолошките откритија, укажувајќи дека она што се сметало за легенда претставува историска реалност. Зачекорете во светот на библиската археологија!

Здравјето на дофат

Здравјето е состојба на целосна физичка, духовна, ментална и социјална благосостојба. Дознајте како современата медицина ги потврдува древните библиски здравствени совети.

Луѓето ја омаловажувале, ѝ се потсмевале; била осудувана и фрлана во пламен повеќе од која било друга книга.

Критичарите ја напаѓале нејзината автентичност како и веродостојноста на нејзините тврдења; а настаните и личностите ги прогласувале за обични митови.

Сепак, под критичкото око на научните истражувања и археолошките пронајдоци, нејзините изјави се потврдени како автентични.

Секогаш и одново, оние што ја критикувале биле принудени збунето да се повлечат.

Оваа книга била во право. Критичарите грешеле.

Искуства на корисниците