10.10. Моавскиот камен

10.10. Моавскиот камен

„Моавскиот цар Меша имаше многу добиток и му испраќаше на израелскиот цар по сто илјади јагниња и волна од сто илјади овни. Но кога умре Ахав, моавскиот цар се одметна од израелскиот цар“ (2. Царевите 3,4.5).

Оваа сторија била на извонреден начин потврдена во 1868 година со каменот најден кај Дибон (Dibon), источно од Мртвото Море.

Германскиот мисионер, Ф. А. Клајн (F. A. Klein), источно од Мртвото Море видел камен на кој се наоѓал ракопис сличен на староеврејски. Бидејќи не можел да ја плати сумата што му ја барале локалните Арапи, не можел да го земе каменот. Затоа тој се вратил во Германија за да собере средства.

Во меѓувреме, француски жител на Ерусалим слушнал за каменот и им понудил на Арапите 1800 долари.

Меѓутоа, Арапите се карале за тоа кој има право на тие пари и расправијата ја решиле со тоа што запалиле оган под каменот и истуриле студена вода. Така го распарчиле на многу делови. Фрагментите биле поделени на заин­те­ресираните страни.

Кога Французот М. Клермон-Жано (M. Cler­mont-Gan­naeu) најпос­ле ги зел дело­ви­те, не­­­кои му не­достасу­вале. За сре­ќа, бидејќи бил направен от­печаток на натписот, пар­чи­­њата што не­доста­су­ва­ле мо­­­же­ле да се заменат и каменот повторно да се состави.

Тој е сега во Лувр, во Париз. Таму пишува:

„Јас сум Меша, синот Хемосов, царот на Моав, Дибонит… Омри, царот на Израел, го угнетуваше Моав долго време… Меѓутоа, јас го побе­див него и неговиот дом“.