12. Свитоци од Мртвотo Море

12. Свитоци од Мртвотo Море

Упатство

Лекцијата е поделена на теми. На крајот на читањето на секоја тема, кликнете на копчето ОЗНАЧЕТЕ ДЕКА СТЕ ЗАВРШИЛЕ.

Откако ќе ги прочитате сите теми во рамките на лекцијата, преминете на ТЕСТ.

По изработениот тест, можете да преминете на следната лекција.

 

Во 1947 година се случило едно од најважните археолошки откритија на дваесеттиот век и тоа во пустина близу до брегот на Мртвото Море, во Израел. До него не дошле искусни ахеолози, туку еден арапски бедуин кој ги пасел стадата во тој регион.

Откритието се појавило како сензација и на насловните страници во весниците и списанијата, а неговите последици ќе влијаат на ставовите на научниците и теолозите во наредните декади. Пред да ја раскажеме оваа сторија и да ја проучиме важноста на свитоците од Мртвото Море, треба да се вратиме малку назад и да научиме нешто за почетоците на нашата Библија што ја имаме денес.