10.3. Вирсавеа – изворот на заклетва

10.3. Вирсавеа – изворот на заклетва

Аврам се преселил подолу на југ и таму ископал длабок бунар. Го нарекол Вирсавеа или Бер Шеба (Beer Sheba), што значи „Бунар (извор) на заклетвата“, бидејќи направил договор со Авимелех, царот на Герар. Тој е откриен кај наоѓалиштето Тел ес-Себа (Tell es-Seba), околу пет километри северно од денешниот еврејски град Вирсавеа. Во 1969 г. Универзитетскиот институт за археологија на Тел Авив започнал со ископување на оваа локација. Меѓутоа, сфатиле дека градот што го откриле не потекнува од времето на Аврам. Неговите темели не биле поставени пред железната доба, што го сместува по 1200 г. пред Христа.

Меѓутоа, таму пронашле мошне длабок бунар и веројатно би­ла по­требна голема работна сила за да се ископа. Бунарот имал тркалезен отвор, околу два метри во дијаметар. Горниот дел е порабен со ред камења а остатокот е ископан во цврста карпа. Вкупната длабочина била околу четириесет метри. Археолозите пронаш­ле показате­ли кои на­вес­тува­ле дека бунарот е по­стар од тврдините што ги откриле и заклучиле де­ка потекнувал од времето на најстари­те Израел­ски доселе­ни­ци. Нив­ни­от извеш­тај гла­си:

„Откако утврдивме дека буна­рот датира од времето на најстарите израелски населби, мо­­жевме да заклучиме, со разумна сигурност, дека овој бунар може да им се припише на патријарсите“.

Археолошкиот локалитет Бер Шеба