3.5. Дешифрирање на хиероглифскиот код

3.5. Дешифрирање на хиероглифскиот код

Прирачник за Хетитски јазик

Се разбира, повеќето од овие таблички биле испишани со клинесто писмо на хeтитски јазик. Со овој дополнителен материјал, научниците можеле да остварат голем напредок во разбирањето на хeтитскиот јазик и во 1915 година Беджих Хрозни (Bedřich Hrozný) предизвикал сензација со објавувањето дека хeтитскиот навистина е индоевропски јазик. Тој го поткрепил ова свое тврдење со толку многу докази, што научниците не можеле да му се спротивстават.

Како Хeтитите, кои потекнувале од Палестина и имале хананско етничко потекло, можеле да зборуваат на јазик од европски тип, во тоа време било предмет на шпекулации. Но било факт дека тоа е индоевропски јазик и научниците морале да се помират со тоа. Во 1929 година овој јазик бил толку познат, што веќе бил издаден прирачник за хeтитски јазик.

Дешифрирање на хетитските хиероглифи

Значи, Хeтитите биле идентификувани како народ, а нивниот јазик преведен. Сега останал уште само еден проблем: дешифрирање на хeтитските хиероглифски натписи. Никој не ни помислувал дека тоа ќе биле лесна задача.

Всушност, Арчибалд Сејс се соочил со тој проблем многу години пред тоа. Еден ден, тој открил еден извештај каде што се споменувал некој печат што бил најден во западна Турција и испратен во Британскиот музеј. Било познато дека печатот е испишан со клинесто писмо и со некои непознати знаци. На Сејс ова му изгледало како двојазичен печат и токму затоа бил потребен филолог за да го открие и да го протолкува овој непознат јазик: иста порака испишана на два јазика, од кои едниот е веќе познат. Сејс тргнал во потрага по овој печат.

Во музејот му било кажано дека таков печат им бил понуден, но тие го одбиле како лажен, бидејќи необичните фигури на него им биле сосема непознати, по што тој останал стаписан! Сепак, добро било тоа што, пред да биде вратен, била направена копија од овој Таркендемос печат и Сејс можел да продолжи со својата работа. Постигнал извесен напредок кога успеал да го протолкува зборот „крал“ и името на кралот но понатаму не можел. Текстот бил премногу краток.

Печат и релеф Таркендемос, Каратепе

Значајни пронајдоци во Богазкале и Каратепе

 Во 1934 година се случило уште нешто многу важно. Курт Бител (Bittel) вршел ископувања во Богазкале (кој во времето на Хетитите се нарекувал Хатуша) и притоа нашол не помалку од стотина двојазични печати и натписи

Научниците биле пријатно изненадени и според сè, се чинело дека дешифрирањето на хeтитските хиероглифи било само прашање на време. За жал, нивните надежи не се оствариле. Иако имало одреден напредок, сепак двојазичните текстови биле многу кратки за да се пронајде клучот по кој трагале научниците

Но, за жал, нивните надежи наскоро стивнале. Постигнат е извесен напредок; меѓутоа, двојазичните натписи претставувале, конечно, само печати, и тие биле премногу кратки за да го обезбедат клучот што им бил потребен на истражувачите.

Дури во 1947 година бил пронајден долго бараниот клуч, кога Хелмут Теодор Босерт (Helmuth Theodor Bossert) ја прифатил поканата да предава на Истанбулскиот универзитет. Таа година тој водел археолошка експедиција во Каратепе, во јужниот дел на Турција, каде што имало стари урнатини. Постигнал драматичен успех откривајќи некои хетитски релјефи.

При крајот на ископувањето, Босерт пронашол врв на една камена плоча испишана со феникиско писмо. Продолжил со истражувањето и во близина открил уште еден таков камен на кој биле врежани некои нејасни хeтитски хиероглифи. Бил пресреќен! Изгледало дека сонот му се исполнил! Открил двојазичен натпис по кој долго се трагало. Но поради тоа што немал доволно време да истражува понатаму на оваа тема, и бидејќи немало смисла да ги поттикнува очекувањата на своите соработници, тој набрзина повторно ги закопал камењата и на соработниците ништо не им кажал за тоа. Набргу сите се вратиле назад во Истанбул.

Хиероглифскиот дел од двојазичниот запис, Каратепе.

Дешифрирање на хиероглифскиот код

По пет месеци Босерт се вратил во Каратепе. Бил човек кого многумина го сакале, и имал смисла за драматичност. Ги насочил своите соработници да копаат на местото на кое веќе ги закопал камените плочи и внимателно ги следел очекувајќи резултати. Не чекал долго, кога неговите луѓе ископале камен на кој пишувало нешто на феникиски јазик. Потоа тој ги насочил неколку метри подалеку, бидејќи знаел дека сега таму ќе најдат камен испишан на хeтитски јазик. За неколку минути така и се случило. Набргу Босерт забележал дека она што му се чинело дека се хeтитски хиероглифи на слабата светлина при заоѓањето на сонцето, всушност биле само гребнатини на каменот кои се создале со текот на времето при триење со други камења. Бил многу разочаран.

И покрај тоа, луѓето продолжиле да копаат и на негова радост малку подалеку бил ископан уште еден камен со хиероглифи. Сега веќе било само прашање на време кога ќе се открие кодот и да се одгатне тајната на хиероглифите.

Сепак, и во денешно време не се знае во целост што означуваат некои од овие знаци, и затоа не може да се каже дека хeтитските хиероглифи се потполно разбирливи и дешифрирани, и дека научниците можат да ја реконструираат историјата на ова некогаш големо кралство.

Феникискиот дел од двојазичниот запис, Каратепе.