12.2. Алфабетското писмо

12.2. Алфабетското писмо

Поради големиот број знаци (речиси 750) и комплицираните уметнички форми, познавањето на египетските хиероглифи било ограничено само на писарите и образованите класи. Меѓутоа, кога било пронајдено алфабетското писмо, се случиле огромни промени во уметноста на пишувањето.

Научниците сè уште не можат да кажат со сигурност кога и каде биле почетоците на алфабетското писмо. Некои сметаат дека Феничаните се виновни за ова бидејќи биле најдени неколку примероци испишани со ова писмо во областа на Синајскиот Полуостров.

Едно е сигурно, писмото пристигнало во вистинско време за го овозможи пишувањето на Библијата. Мојсеј бил првиот библиски писател и умеел да го користи алфабетското писмо. Доколку бил принуден да ги користи египетските хиероглифи, на кои веќе бил навикнат во Египет, неговото опширно пишување би било Херкуловска задача и тој можеби никогаш не би имал време да ги напише шесте големи книги. Дури и да можел да напише толку многу, малкумина ќе знаеле да ги прочитаат светите книги. Библијата би била затворена книга за нив.

Хебрејското писмо

Хебрејското писмо било едноставна форма на пишување и скоро секој можел да научи да го чита. Ова писмо содржело само 22 букви. Немало посебни самогласки, но пет букви можеле да се користат како индикатори за присуство на самогласки. Првата буква од оваа алфабета била „aleph“ (алеф) а втората била „beth“ (бет). Подоцна, кога грчката азбука била развиена според слична линија, првите букви биле „alpha“ и „beta“, и така се развила „алфабетата“.

Уште подоцна се развила римската азбука и таа станала основа за развивање на англиската азбука (а и на другите европски алфабети денеска) која строго го следи истиот ред како оригиналната еврејска азбука.

Ако ја имате верзијата на Библијата според кралот Џејмс (King James Version), ќе ги најдете овие еврејски букви во Псалмот 119. Овој псалм е пишуван во форма на еврејска поезија наречена акростих. Во акростихот секој стих започнува со една буква од еврејската азбука. Псалм 145 е таков псалм, иако буквата Н е испуштена па псалмот има 21 стих.

Првите пет глави од Плачот на Еремија (Lamentations) се напишани во форма на акростих, секоја глава има 22, 44 и 66 стиха, така што секој стих или секој втор или трет стих почнува со следната буква од азбуката. Во Псалмот 119, првите осум стиха почнуваат со „aleph“, првата буква од азбуката, а вторите осум почнуваат со следната буква и така натаму низ целиот псалм.