2.5. Писмата од Тел ел Амарна

2.5. Писмата од Тел ел Амарна

Ехнатон бил толку опседнат со својата религиозна реформа, што го занемарил владеењето со империјата. Здружените кралеви му пишувале на фараонот барајќи помош од него, но тој бил глув за нивните молби, па нивните писма напишани на глинени плочки биле носени во архивата на палатата, каде што биле откриени во 1884 година. Необично е што, кога овие новоископани плочки му биле понудени на еден музеј, експертите не биле заинтересирани за нив. Плочките биле сметани за фалсификати бидејќи биле напишани со акадиско клинесто писмо, а експертите нагласиле дека секое дете знае дека египетското писмо е составено од хиероглифи. Конечно била докажана автентичноста на глинените плочки и тие денес се познати и вреднувани како „Писмата од Тел ел Амарна“.

Во некои од овие писма има поплаки за народ познат под името Хабиру, кој се чини ја вознемирувал периферијата на фараоновата територија. Извесно време се сметало дека станува збор за Евреите кои по напуштањето на Египет ја зазеле територијата на Палестина, но извештаите во кои се споменуваат Хабиру, се протегаат од далечниот северен дел на Сирија, па дури и Вавилон, така што експертите денес сметаат дека ваквиот израз мора да се однесува на некој друг народ.

3D реконструкција на Тел ел Амарна