1.2. Древни записи

1.2. Древни записи

И вештините во пишување рано се развиле во египетската историја. Прекрасното хиероглифско писмо било користено уште во времето на првите владетели на обединетиот Египет. Ова сложено писмо се состоело од околу 750 различни симболи или слики, наречени хиероглифи.

Понекогаш една слика претставувала цел збор, понекогаш фонетски слог, а во друг случај една буква. Египетските хиероглифи немаат согласки, па затоа не можеме да бидеме сигурни како Египќаните ги изговарале своите зборови и имиња. Токму затоа многу египетски имиња се пишуваат различно во различни книги. Хиероглифите може да бидат напишани од лево кон десно, од десно кон лево или од горе па надолу. Насоката во која бил пишуван текстот, била одредувана од насоката кон која бил свртен симболот. Ако фигурата била свртена кон лево, тоа значело дека текстот треба да се прочита од лево кон десно.

Демотско писмо на папирус

Во Египет се пишувало на камен или на папирус. Папирусот е растение слично на трска. Трските од папирусовото растение растеле во изобилство во древниот Египет. Тврдиот надворешен слој на билката се одвојувал за да се дојде до внатрешноста, која е многу мека. Тогаш мекото внатрешно јадро било сечено на тенки ленти кои се потопувале во вода. Тие биле ставани една до друга додека не се постигнела посакуваната ширина. Озгора бил поставуван вториот слој под прав агол во однос на првиот. Преку целиот папирус бил ставан материјал што добро впива, а потоа подложуван на притисок неколку дена. Така се добивал цврст но еластичен лист на кој писарите пишувале со црно или со црвено мастило. 

Околу 700. г. пред Христа. било измислено демотското писмо. Тоа било пишувано од десно кон лево и набргу почнало да се користи за пишување на деловни и книжевни дела. Бидејќи демотското писмо претставувало поедноставена форма на хиероглифското писмо, лесно можело да се научи и да се пишува, па се користело во поголема мера отколку потешките хиероглифи. 

Лајденскиот папирус од 3 век пр. нашата ера бил основниот клуч за дешифрирање на древниот египетски jaзик пишуван со демотско писмо. Демотското писмо било многу популарно, но постепено се развило во коптско писмо. Овој свиток папирус долг 4,5 метри претставува збирка на описи на ритуалите на египетските вражари поврзани со египетската магија и медицина, откривајќи враџби, бајки, афродизијаци и повикување на разни богови.

До 400. година пред Христа, хиероглифскиот начин на пишување излегол од употреба, а во следните сто години било заборавено и демотското писмо.

Papirus Lajden

Папирусот Лајден

Сѐ до 1822 година научниците не биле во можност да ги дешифрираат и разјаснат драгоцените историски информации што ги содржеле папирусите и записите на камен. Но, едно извонредно откритие ќе послужи како клуч за дешифрирање на египетските хиероглифи и ќе го отвори патот за проучување на древните блискоисточни текстови.