12.3. Свитоци и ракописи

12.3. Свитоци и ракописи

Еврејските свитоци биле направени од најфин пергамент, најчесто од јагнешка кожа. На краевите на свитокот имало закачено парче од заоблено дрво и парчињата се продолжувале доколку имало потреба за тоа. Кога Исус отишол во синагогата во Назаретстана да чита, и му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Тој, штом ја отвори, го најде местото каде што беше запишано…“ (Лука 4,16.17). Можеме да го замислиме како зел еден свиток и го одмотувал сè додека не го нашол пасусот што го барал, во овој случај текстот од книгата на пророкот Исаија 61 глава.

Секако, пер­гаментот не бил издржлив како камен или табличките од печена глина и по подолго користење се абел и трошел. Тогаш Евреите ги палеле или ги закопувале пергаментите, па затоа во денешно време не постои ниту еден оригинал напишан од пророците. Само една таква страна би вредела многу, и ние би дале сè да имаме една таква денеска, колку и да е оштетена или скината. Сепак, Евреите не сакале да се користат такви оштетени пергаменти, бидејќи тоа го сметале како богохулење. Копии биле правени со цел да се заменат оштетените оригинали и да се умножат повеќе примероци за да можат повеќе луѓе да читаат. Семејствата кои можеле да купат една или повеќе копии од библиските книги, се чувствувале многу привилегирано.

Протомасоретски текст

Но, иако ваквото копирање било изведувано од вешти писари кои посветувале големо внимание на работата, неизбежни биле и грешки, па кога би дошло до грешки при препишувањето, тие се пренесувале понатаму. И така се ределе некои мали грешки и се додавале нови. Некогаш текстовите содржеле дополнителни објаснувања на маргините и се случувало таквите делови при препишувањето да бидат вметнати во текстот од страна на препишувачот. Таков е најверојатно случајот со стихот во Јован 5,4 кој го нема во повеќето верзии. Понекогаш, препишувачот ќе додадел некој збор за текстот да биде појасен за читателите. Во Прва Мојсеева 14,14 се вели дека Авраам ги бркал своите непријатели далеку до Дан. Но кога Мој­сеј го напишал ова, градот тогаш бил наречен Лаис (Laish). Името Дан го добил долго време по смртта на Мојсеј (Судии 18,29). Така некои од препишувачите на книгата 1. Мојсеева, најверојатно сметале дека би било појасно ако се напише Дан. Некои луѓе би биле збунети денеска доколку читаат за земјата на Ван Дајмен (Van Diemen), на пример, во случај да не знаат дека е тоа оригиналното име за Тасманија.

Одвреме-навреме, некој писател можеби би променил или проширил некој стих за да го усогласи со своите сфаќања. Во првите векови на христијанството, кога се водела остра полемика во врска со доктрината за Тројството, некој писар сметал дека треба своите верувања да ги дополни додавајќи некои зборови во 1. Јованово 5,7-8. Современите преводи ги изоставуваат овие стихови.

Современи препишувачи на Тората