10.5. Аврам, Исак, Јаков и Јосиф

10.5. Аврам, Исак, Јаков и Јосиф

Синот на Aврам, Исак, имал син Јаков, чие име било променето во Израел. Тој имал дванаесет синови кои станале татковци на дванаесетте племиња на Израел. Еден од овие синови, Јосиф, имал сон во кој, според толкувањето, неговите единаесет браќа еден ден требало да се поклонат пред него. Тој не бил доволно внимателен и им кажал за сонот на своите браќа, но тоа не им било мило. Подоцна, кога ги посетил додека го паселе стадото кај Дотан, го фрлиле во празна дупка со намера да го остават таму да умре. Меѓутоа, кога наишол мадијамски карван, виделе можност да заработат малку пари и го продале Јосиф како роб.

Тој бил однесен во Египет. Настаните чудесно се промениле и во таа земја тој станал главен управник.

Дотан се наоѓа на околу 80 километри северно од Ерусалим. Ископувањата на Доктор Фри (Doctor Free) во 1963 година покажале дека градот бил населен од времето на патријарсите. Доктор Фри открил резервоар за кој тврдел дека сигурно е дупката во која бил фрлен Joсиф. Тоа е единствената дупка во оваа околина и најверојатно тоа бил бунарот што се споменува во библискиот извештај.