10.4. Гробот на Сара и Аврам

10.4. Гробот на Сара и Аврам

Кога починала Сара, Аврам купил поле во Хев­рон со пештера во која сакал да ја закопа жена си, а кога починал, и тој бил погребан таму; подоцна тука биле закопани и неговиот син Исак и неговата жена, Ревека. На идентитетот на оваа пештера упатуваат списите на Јосиф Флавиј. Дол­ни­те делови од ѕидната конструкција на џамијата, што сега стојат на тоа место, не се постари од времето на Ирод, пред две илјади години. Горните делови се малтерисани и варосани и да­тираат од 14. век од новата ера. За време на крстоносците, градбата била хри­сти­јанска црква, но потоа станала муслиманска џамија. Денес посетителите може да влезат во оваа џамија и да видат богато изрезбани надгробни споменици. Самите гро­бишта се наоѓаат под подот на кој стојат овие споменици.

Неколку луѓе влегле во оваа дол­на соба и соопштиле дека таму виде­ле ковчези, но ни­ту еден од нив не бил архе­о­лог. Така, за ав­тен­тич­но­ста на гро­бо­ви­­­те не пос­то­е­­­ло ниту ед­но мислење од про­фе­си­о­на­­лец. Сепак, по­стои голема можност дека ова е автен­тичното мес­то на кое е по­гребан Ав­рам и неговото семеј­ство.