1.11. Излезот од Кахун

1.11. Излезот од Кахун

Сер Флиндерс Питри (Sir Flinders Petrie) ископувал во Фаијум во 1880 година, а во 1986 година д-р Розали Дејвид (Dr Rosalie David) од музејот во Манчестер го испитувала неговото дело таму. Таа го издала овој преглед во „Градителите на пирамидите во древниот Египет“ („The Pyramid Builders of Ancient Egypt“). Насловот на 7. глава е „Туѓото население во Кахун“ („The Foreign Population at Kahun“).

На 191. страница таа напишала:

„Очигледно е дека одреден број Азијци биле присутни во градот (Кахун) и оваа ситуација можеби се рефлектирала и на други места во Eгипет. Може да се изјави дека, иако овие луѓе биле класифицирани како Азијци, не може со прецизност да се одреди дали нивната татковина е во Сирија или во Палестина… Нејасна е причината за нивното присуство“.

И Питри и Дејвид ги присвоиле традиционалните датуми и не ги поврзале овие мигранти со Израелците, но според поправените датуми нивната идентификација би била очигледна.

Едно интересно откритие од страна на Питри било необично големиот број „дрвени кутии… под подовите на многу куќи во Кахун. Во нив имало бебиња. Некогаш по две или три бебиња биле закопани во една кутија. Кога починале, тие имале само неколку месеци“.

Ова би било во согласност со библискиот извештај во 2. Мојсеева 1,16, за напорите на фараонот да го запре множењето на Израелците, кога наредил да се убијат сите машки новороденчиња. Сепак, некои мајки успеале да ги заштитат своите бебиња додека не наполнеле неколку месеци (2. Мојсеева 2,3).

Највпечатливиот елемент од ова ропство било неговото ненадејно исчезнување од сцената. Дејвид напишал, „квантитетот, обемот, и типовите на дневните предмети што биле оставени во куќите може да навестат дека заминувањето било ненадејно и ненамерно“ (страница 199).

Според хронологијата опишана во 1. Книга за царевите 6,1, излегувањето од Египет се случило околу 1445 година пред Христа, што би било набрзо по крајот на дванаесеттата династија. Мојсеј би бил роден за време на владеењето на Аменемхет III кој немал преживеани синови, само ќерката Себекнефруре, која немала деца. Ова би објаснило зошто таа се капела во реката Нил, наместо во својата палата. Таа се молела на богот Хапи од Нил, богот на плодноста. Наскоро видела како едно бебе во корпа плови кон неа и сметала дека тоа е одговор на нејзините молитви. На бебето му дала име Мојсеј, што значи „изваден од вода“ (2. Мојсеева 2,10). Таа предложила тој да ѝ биде син и наследник на престолот.

Меѓутоа, кога Мојсеј имал 40 години, тој убил Египќанец кој му се заканувал на некој Израелец. Кога фараонот слушнал за овој инцидент, Мојсеј бил принуден да ја напушти земјата.
Ова го оставил Aменемфет без наследник и кога неговата ќерка умрела, дошол крајот на династијата. Таа била заменета со тринаесеттата династија и за време на оваа династија Египет го снашле десетте зла и се случило излегувањето на израелскиот народ од Египет.

Десетте зла во Египет

Неферхотеп I бил последниот фараон пред Хиксите да влезат во Eгипет и веројатно бил фараонот во времето на излегувањето на Израелците од Египет.

Опишаните зла во 2. Мојсеева 7-12, сигурно го опустоштиле Египет. Мудрецот Ипувер ги опишал условите во тоа време на папирус кој е пронајден кај Мемфис, а сега се наоѓа во музејот Лајден во Холандија. Во еден дел тој вели:

„Чума помина низ земјата и крв има насекаде… но мртовците се закопани во реката… а реката е крв… странци дојдоа во Египет… пченката изумре насекаде“ (Древните Египќани, стр. 95-99).

Како реката била претворена во крв, стои запишано во 2. Книга Мојсеева 7,14-24.

Странците би биле Хиксите кои ја нападнале земјата во тоа време. Цитирајќи од Манетон, Јосиф Флавиј напишал:

„Имаше еден наш крал по име Тимај. За време на неговото владеење, не знам како, Господ не ни беше наклонет, и тогаш на чуден начин, од источните делови се појавија луѓе со бедно потекло, но беа доволно храбри да поминат низ нашата земја и многу лесно ја покорија со сила, па сепак, ние не требаше да војуваме со нив“.

Египет обично имал добро истренирана угледна армија. Тешко е да се објасни како Хиксите би го окупирале Египет без битка, освен ако египетската армија не била уништена во Црвеното Море (2. Moјсеева 14,28). Големиот Египет бил ставен на колена пред Бога. Без робови, без воена сила, моќта и просперитетот на Египет постепено слабеeле. Која и да била причината, над египетската земја се надвиснале мрачни времиња. 

Прагот на вратата со натписи

Името и задгробниот живот

Според египетската религија секој човек се состои од три различни делови:
ka, ba, и akh. Египтолозите го означуваат изразот ka (претставен со две подигнати раце) како „витална сила“ на поединецот или „духовен близнак“. Кога човек се раѓа, богот Хнум ги креира неговите или нејзините ka, моделирајќи ги и телото и духот на неговoто грнчарско тркало. Кралевите можеле да имаат неколку ka; додека смртницитe само едно. За време на животот ka останувало одделено од телото. При умирање за лицето се велело дека „заминува кај своето kа“. Ова било египетски начин да се каже дека kа се споило со починатото безживотно тело.

За да преживее, на ka му е потребно тело како негов вечен дом. Египќаните верувале дека ka живее во мумија или гробна статуа (понекогаш се нарекува kа-статуа), резервно тело, потребно во случај трупот да биде уништен.

Вториот елемент на душата Египќаните го нарекле ba (или „анимација“). Тоа било дел од духот  слободен да го напушти гробот и да патува околу светот во текот на денот. Меѓутоа, ba е обврзано да се врати во гробот во текот на опасните часови на темнината. Занаетчиите имале и неколку начини на прикажување на ba, понекогаш како птица, но најчесто како птица со човечка глава. Во основа, ba доаѓало само кога kа и мртвото тело биле обединети; без ka и мумијата или kа-статуата, ни ba не можело да постои.

Египќаните верувале во вечен живот по смртта и нивните градежни практики го отсликувале ова верување. Тие ги граделе своите домови, од  неугледни робови па сѐ до луксузни палати, со ист градежен материјал – тули од кал. Бидејќи за нив овој сегашен живот бил привремен, тие користеле привремен градежен материјал за своите домови; наспроти тоа, своите храмови и гробници тие ги граделе од камен, отсликувајќи го верувањето во вечен живот по смртта. Секоја градба што се користела за живот по смртта (храмовите и гробниците) требале да бидат изградени од материјал што би траел вечно.

За да се справат со потенцијалното губење на нивните имиња, кои според египетското верување биле составен дел на човечкото битие, благородништвото и оние од царски лози граделе големи камени споменици со своите имиња врежани на колку што е можно повеќе места. Оние што не биле толку имашни, тие не успевале да си го дозволат тоа. Наместо тоа, нивните куќи, иако првенствено биле изградени од тули од кал, биле направени на таков начин што довратниците и горните прагови биле направени од камен. На нив го врежувале името на оној што живеел во нив. Дури и ако куќата била уништена, шансата за името да преживее преку опстанокот на каменот била мошне голема, а со тоа и можноста да се продолжи задгробниот живот.

Египтолозите што го ископувале подрачјето на Египет, каде што живееле Израелците, откриле многу вакви довратници и прагови од времето кога се случило Излегувањето од Египет. Оваа практика ни дава објаснување за настаните во Библијата (1. Мојсеева 12,7) во кои Бог заповеда довратниците и праговите на вратата да бидат  намачкани со крв за да може ангелот на уништувањето да ги заобиколи куќите на Израел. Имињата премачкани со крв значеле живот за оние што се наоѓале во куќата.