8.1. Ур Халдејски

8.1. Ур Халдејски

Во целата Би­бли­ја, Ур Халдеј­ски се споменува само че­ти­ри пати, и сите тие се однесуваат на ис­тиот настан: Аврам за­минува од Ур. Еден таков типичен текст се наоѓа во 1. Книга Мој­сеева 11,31, каде што Библијата кажува: „И го зеде Тара синот свој, Аврам, и внукот од синот свој, Лот, син Ара­нов, и Сара, снаата своја, жената на неговиот син Аврам, па излегоа заедно од Ур Халдејски за да појдат во земјата Хананска“.

Во списите на старите историчари нема податоци за Ур Хал­дејски, па затоа кри­тичарите изјавиле: „Еве уште една легенда од Библијата. Таков град никогаш не постоел, или ако постоел, тоа сигурно било некое мало безначајно село во пустините на Месопотамија, а Аврам бил само некој безначаен номад”. Така постоењето на Ур било под прашање, а неговата локација, секако,  била непозната.

Аврам и неговото семејство