7.9. Царицата Естира

7.9. Царицата Естира

Кога се вратил дома, Ксеркс можел да се посвети на домашните прашања, а најважно било изборот на нова царица. Тој ја одбрал преубавата девојка Естира. Царот не знаел дека Естира била Еврејка. Естира била крунисана во јануари 479 г. пред Христа.

Пет годи­ни подоцна таа била вме­­шана во еден драма­тичен настан. Царот Ксеркс го именувал Аман, Ага­гит, како совет­ник со голема моќ. Граѓаните имале обврска да му се по­кло­ну­ва­ат ко­га по­мину­вал. Ова не било ништо ново за Персијците, но еден истакнат граѓанин во Суза, Мардохеј, кој бил Евреин, сметал дека е ова идолопоклонство и одбил да се поклони пред Аман.

Кога бил известен везирот за ова, се разбира дека се налутил и со презир, не сметајќи го доволно тоа што сакал да го казни само Мардохеја, го убедил царот да издаде наредба да се уништат сите Евреи во царството.

Мардо­хеј бил по­стар род­­нина на Естира и тој ѝ посочил дека персис­ките закони се неотпо­вик­­ли­ви и де­ка смртната казна се од­не­сува и на неа. Мардохеј ја советувал да биде посредник за Евреите пред царот. Иако Ести­ра била свесна дека ако излезе непоканета пред царот, тоа може да значи смрт доколку тој не покаже со своето златно жезло кон молителот, сепак го прифатила советот.

„Ако загинам, нека загинам“, изјавила таа храбро (Книгата за Естира 4,16).

Остатоци од древниот град Суза

Молбата на Естира

Три дена подоцна Естира убаво се дотерала и влегла во престолната сала на царот Ксеркс. Тоа бил миг исполнет со голема напнатост.

Меѓутоа, „кога царот виде дека царицата Естира стои во дворот, таа најде милост во очите негови… и царот го подаде кон Естира златниот жезол што беше во раката негова. Тогаш царот ў рече: ’Која е твојата молба? Дури и половината од царството ќе ти биде дадено’“ (Книгата за Естира 5,2-3).

Естира ги повикала царот и Аман да дојдат на гозбата што ја подготвила. Царот веднаш се согласил и на гозбата повторно ѝ понудил да ѝ даде половина од своето царство. Естира само побарала царот и Аман да дојдат на уште една гозба наредниот ден.

Се разбира, на Аман му ласкало што бил повикан во харемот на царот, но кога си одел накај дома поминал покрај Мардохеј, кој уште еднаш одбил да му се поклони. Гневот на Аман уште повеќе се распламтил, па наредил да се постави бесилка на која требало да биде обесен Мардохеј.

Триумфот на Мардохеј

Ослободувањето на Мардохеј

Рано следното утро, Аман отишол во палатата да бара од царот дозвола да го обеси Мардохеј.

Меѓутоа, царот имал немирна ноќ. Не можел да заспие и, за да му поминат непроспиените часови, наредил судскиот записничар да му чита од судските летописи. Меѓу другите работи, тој прочитал за двајцата царски дворјани кои заговарале убиство на царот. Мардохеј слушнал за оваа стапица, и ѝ го соопштил тоа на Естира и двајцата измамници биле погубени.

„Каква почест му беше дарувана на Мардохеј за ова?“ го прашал царот записничарот. „Никаква“, одговорил тој.

Токму тогаш влегол Аман.

„Царот го праша: ‘Што да му направам на таков човек кого сакам да го одликувам со почести?’“

Аман, мислејќи дека царот сака него да го почести, предложил да се облече тој човек во царска наметка, да се качи на царскиот коњ, да го јава низ улиците на Суза, а притоа пред него да се објавува:

„‘Вака му се прави на човек кого царот сака да го одликува со почести’“ (Естира 6,3-11).

Смртта на Аман

Кутриот Аман. Морал да му укаже чест на Мардохеј низ улиците на Суза, но најлошото допрва требало да дојде.

На гозбата на Естира, царот повторно ја прашал Естира што сака.

„Нека ми бидат подарени мојот живот и мојот народ, по моја молба! Зашто јас и мојот народ сме продадени да бидеме истребени“,  молела таа.

„’Кој е тој, и каде е тој, кој се осмелил во своето срце да постапи така?’“

проговорил царот, исплашен од самата помисла дека ќе ја изгуби сво­јата убава царица.

„Естира му одгово­ри: ‘Непри­јателот е овој злобен Аман!’ И во гневот свој царот стана од гозбата и отиде во градината. Аман, пак, остана да ја моли за животот свој царицата Естира. Кога царот се врати од градината… Аман се беше наведнал кон леглото на кое седеше Естира. И царот рече: ‘Сака дури и да ја обесчести царицата во куќата моја!’“

Тогаш, еден од присутните мислел дека е соодветно да ја спомене бесилката што Аман нареди да се подигне.

„И царот рече: ‘Обесете го на неа!’“ (Книга за Естира 7,3-10).

Така Естира и Евреите биле спасени од униш­­тување. Евреите од целиот свет сè уште го слават празникот Пурим секоја година, како спомен на ова избавување.