8.7. Јамa од добата на потoпот

8.7. Јамa од добата на потoпот

Во 1929 година Вули го комплетирал своето дело за царските гробници и одлучил да открие колку била стара историјата на Ур. Затоа издал наредба да се ископа јама која би одела длабоко до дното. Неговите работници ископале дупка длабока околу метар и половина на метар и половина. Во неа се наоѓале калливи тули, скршена грнчарија и посмртни остатоци. Ископале приближно уште еден метар и тогаш немало никаков доказ за човечко живеалиште: само чиста кал. Арапските работници кои работеле на дупката изјавиле дека стигнале до недопрено дно и дека нема да најдат ништо друго.

Вули ја разгледал дупката и се согласил дека е нелогично да се копа подолу. Меѓутоа, кога го проверил нивото, сфатил дека дното на дупката не било толку длабоко како околниот простор. Затоа тој претпоставил дека можеби ќе пронајдат нешто на поголема длабочина. Им наредил на нерасположените работници да копаат уште подлабоко. Се спуштиле на уште метар, метар и половина, па 2 метри подолу и сè уште немало знак за каков било живот. Работниците веќе гласно протестирале. Тогаш, на два и пол метри длабочина, про­нашле орудија и парчиња од глина. Вули се спу­штил во дупката и внимателно ги разгледал деловите. Во неговата глава се појавило одредено толкување, но се двоумел да го изрази. Побарал мислење од двајца свои помошници, но тие не можеле да го протолкуваат пронајдокот. Во тој момент неговата жена поминува­ла таму, и Вули ја прашал за мислење. Без двоу­ме­ње и со помош на прекрасната интуиција што ја поседуваат пове­ќето жени, таа веднаш одгово­рила,

„Се разбира тоа е потопот на Ное“.

Вули стравувал да го изрази таквиот заклу­чок, но, охрабрен од из­ја­вата на жена си, заклучил дека е тоа точниот одговор. Така наредната сезона тој ја проширил дупката на 23 х 18 метри, при што достигнале длабочина од 20 метри. Се чини дека доказот ги потврдил неговите поранешни откритија и оттогаш ова било познато како „дупката на потопот“.

Meѓутоа, Вули погрешил. Тој прет­поставил дека Ноевиот потоп бил ограничен на долината Еуфрат, но библискиот запис вели:

„И нарасна водата на земјата толку многу, што ги покри сите високи планини, какви што има под целото небо“ (1. Книга Мојсеева 7,19).

Без сомнение, имало огромна поплава во долината на Еуфрат која се случила многу одамна и најверојатно ги навела градителите на вавилонската кула да се посомневаат во божественото ветување дека никогаш повторно нема да има сеопшт потоп (1. Книга Мојсеева 9,15). Еден од мотивите за градење на вавилонската кула веројатно бил да се избегне евентуален нов потоп во иднината. Доказите за сеопштиот потоп од времето на Ное не треба да се бараат во триметарскиот слој кал кај Ур, туку во геолошкиот пресек, во остатоците на морските школки на врвот на високите планини и во фосилите закопани во карпите.