12.4. Камени плочи

12.4. Камени плочи

Единствениот дел од Библијата напишан на долготраен материјал биле Десетте заповеди. Според Мојсеј, Бог лично ги напиша врз плочите (камените плочи) зборовите на заветот, Десетте заповеди“ (2. Мојсеева 34,28).
Интересна е помислата дека тие можеби ќе бидат пронајдени еден ден.
Мојсеј ги ставил во ковчег обложен со злато, познат како Ковчег на заветот (2. Мојсеева 25,21.
Тој бил чуван на свето, скриено место (2. Мојсеева 40,21). Кога Соломон го изградил храмот во Ерусалим, ковчегот со камените плочи бил сместен во храмот (1. Книга за Царевите 6,19).

Пред храмот да биде уништен од страна на Вавилонците во 586 година пр. н.е., пророкот Еремија го скрил ова богатство.

Во историските записи се вели и тоа дека овој пророк, под Божјо вдахновение, им заповедал да ги носат со себе скинијата и ковчегот, и се искачил на гората на која се искачил Мојсеј, и оттаму го гледал Божјето наследство. Откако пристигнал таму, Еремија нашол засолниште во една пештера, каде што ги внел скинијата, ковчегот и кадилниот жртвеник, а потоа го заѕидал влезот… „местото ќе остане непознато“, рекол тој, „сè додека Бог не се смилостиви и одново не го собере својот народ. Токму тогаш Господ ќе ги открие тие работи“ (2. Книга Макавејска 2,4-8).

Левити го носат ковчегот на заветот