7.6. Зороастризам

7.6. Зороастризам

Повеќето Персијци го прифатиле учењето на Зороастер (Zoroaster), кој живеел околу 200 години пред Дариј. Зороастер учел за божественоста на елементите оган, вода и земја. Според тоа, неговите следбеници не сакале да ги валкаат овие елементи со мртви тела. Ова ја отстранува можноста за погреб или кремирање како начин на погребување на мртвите. Единствената можна алтернатива била да го изложат мртовецот на отворено и да остават мршојадците да го решат тоа.

Кога Арапите ја нападнале Персија во 7 век од нашата ера и ги присилувале Персијците да ја прифатат религијата на Мухамед, некои ја прифатиле новата религија, а некои побегнале во Индија каде што можеле да продолжат со применување на учењето на Зороастер.

Денес сè уште има го­ле­ми населби на Парсеи (Par­se­es) во Индија.

Во Пуна, Мум­баи и Калкута има голе­ми овални „Кули на ти­шината“, каде што мртвите се из­ло­жени на мршо­јад­­ците да ги јадат нивните тела.

Кула на тишината, Јазд, Иран

Зороастер ја основал филозофската група позната како „маги“ (Magi). „Мудреците од исток“, кои дошле кога Христос се родил, биле маги. Во понатамошните години од оваа религија се развило обожавањето на Митра, а тоа си пронашло свој пат и до христијанството. Роденденот на Митра се славел на 25 декември, кога може да се забележи зголемување на денот по есенската рамноденица и овој датум подоцна бил прифатен од страна на владејачките кругови во христијанската црква како „ден на Христово­то раѓање“.

Дариј го воспоставил зороастризмот како државна религија, но продолжил со традиционалната персиска политика која дозволувала толеранција за религијата на поробените народи. Во Египет изградил храм на Амон (Amun) во оазата Карга (Kharga) и подарил храм во Едфу (Edfu). Тој ги продолжил привилегиите на грчките светилишта дадени од страна на Кир и во 519 година пред Христа ја поништил забраната на Смер-
дис за обновување на еврејскиот храм во Ерусалим. Во одлуката пишувало: „А јас издадов указ, според кој треба да им помагате на тие старешини јудејски во градбата на овој дом Божји… од царскиот имот да им се
дава на тие луѓе… Заповедам уште – кој ќе ја измени оваа наредба, да извадат греда од куќата негова, да го издигнат и да го приковаат на неа, а куќата негова да се претвори во урнатини… Јас, Дариј, го издадов овој указ, нека биде точно спроведен!“ (Ездра 6,8-12).