![7.10. Падот на Медо-Персија 7.10. Падот на Медо-Персија](https://www.biblijatazboruva.mk/wp-content/uploads/2018/02/07-32-Arheologija-Medo-Persija.jpg)
7.10. Падот на Медо-Персија
Фотографија: Камените гробници во кои се погребани Ксеркс I, Артаксеркс I, Дариј I и Дариј II
Меѓутоа, Ксеркс немал толку среќа. На престолот останал уште една деценија. Во 465 г. пред Христа неговиот нов советник Артабан (Artabanus) го убил, а престолот го презел неговиот син Артаксеркс I (Artaxerxes I).
Неколку месеци подоцна, Артаксеркс се одмаздил за смртта на татко му и го убил Артабан во борба гради в гради, во палатата
Артаксеркс бил последниот голем персиски цар. На власт доаѓале цареви со помала моќ, и во 333 г. пред Христа Александар Македонски го преминал Хелеспонт и го поразил Дариј III.
Две години подоцна Александар повторно го победил Дариј III и кратко по тоа неговиот генерал Бес (Bessus) го убил, а големата Медо-персиска империја била присоединета кон империјата на Александар Македонски.
![](https://www.biblijatazboruva.mk/wp-content/uploads/2018/02/07-33-Arheologija-Medo-Persija.jpg)
Семејството на Дариј III пред Александар Велики