7.10. Падот на Медо-Персија

7.10. Падот на Медо-Персија

Фотографија: Камените гробници во кои се погребани Ксеркс I, Артаксеркс I, Дариј I и Дариј II

Меѓутоа, Ксеркс немал толку среќа. На престолот останал уште една деценија. Во 465 г. пред Христа неговиот нов советник Артабан (Artabanus) го убил, а престолот го презел неговиот син Артаксеркс I (Artaxerxes I).

Неколку месеци подоцна, Артаксеркс се одмаздил за смртта на татко му и го убил Артабан во борба гради в гра­ди, во палатата

Артаксеркс бил последниот голем персиски цар. На власт доаѓале цареви со помала моќ, и во 333 г. пред Христа Александар Македонски го преминал Хелеспонт и го поразил Дариј III.

Две години подоцна Александар повторно го победил Дариј III и кратко по тоа неговиот генерал Бес (Bessus) го убил, а големата Медо-персиска империја била присоединета кон империјата на Александар Ма­кедонски.

Семејството на Дариј III пред Александар Велики