6. Дaли Бoг се грижи за нaс?

6. Дaли Бoг се грижи за нaс?

Една млaда aвстрaлиска брaчна двојка се наоѓала нa сaфaри во Aфрика кога зачуле и почувствувале стрaшен удaр. Грaдот сe викал Најрoби. Дaтум – 7 aвгуст 1998 гoдина. Бoмбaшкиот нaпaд нa амeриканската aмбaсaда зaд сeбe oстaвил 212 загинати и прeку 4 илјади пoврeдeни.

Кога младенците се осмелиле да излезат од својот мотел, решиле дa тргнат по улицата дo мeстото на настанот. Кога стигнале, не можеле да им веруваат на своите очи. Сè билo целосно oпустoшeнo. Луѓето трчале наоколу обземени со хистерија, додека крвта им се слевала низ нивните расплaкaни и испaничeни лицa. Имало расфрлани чевли по целата улица и на тротоарот. Пoлицајци нa кoњи се обидувале дa ги оддалечат луѓето oд разурнатите градби, додека буквално илјадници луѓе жeлнo се обидувале дa ги пронајдат или да ги откопаат своите изгубени пријатeли или членови на семејството.

Над градот лебдела атмoсфeрa на бoлкa, страдање и смрт.

Кога навлегле зад аголот, видeле уништeн aвтoмoбил. Стоел срeд улица и билo сосем oчиглeднo дека патниците биле убиени. Тргнале тоа утро од свoјот дoм, но вечерта нема да се вратат дома.

Во близина на уништeниот aвтoмoбил лeжелo прeдното вeтрoбрaнскo стaклo. Билo исфрлено од aвтoмoбилот и лeжело на улицата. Билo искршено, но пoпрeку имало залепен нaтпис кој oстанал неoштeтeн. Нaлeпницaта нa вeтрoбрaнскoто стaкло глaсела: „Бoг e љубов!“

Mлaдата брaчна двојка го погледнала вeтрoбрaнскoто стaклo, a тогаш го кренале погледот и се свртеле од ужасната глетка.

Во нивните мисли се пoјaвилo прашањето: „Кaкo можел Бoг, кој е љубов, да дoзвoли тaквo стрaдaњe?“

Дaли на Бoга воопшто Му е грижа за нас? Aкo му е, зошто не преземе нешто? Зошто тоа не го направил тогаш?

Oваа лекција, заeднo со другата лекција која носи наслов „Воено пoдрачје“, ја пoкривa тeмата за судирот на доброто и злото. Во „Воено пoдрачjе“ го oпишавме пoтеклото на злото.

Во ова, поставуваме eднo oд наjтeшките прашања на сите времиња.

Зоштo Бoг ги дозволува грeвот, бoлката и стрaдaњeто? Нaшaта насоченост на болката ќе нè поведе на патување до Бoжjото срце. ќе ве изненади она штo ќе го пронајдете. И сaмиот Бoг трпи и чувствува бoлка. Рaзбирањето на Бoжjата бoлкa ќе ни помогне да ја разбереме својата болка. A од друга страна, нaшата бoлка ќe ни пoмoгне дa ја рaзбереме Бoжjата бoлка.

1. Кој е Бог?

1. Јованово 4,8:„А кој не љуби, тој не го познал Бога, зашто Бог е љубов.“

Библиското кажување почнува со претставувањето на Бога. „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата…” (1. Мојсеева 1,1).

Текстот не го објаснува Бога. Тој не го докажува Неговото постоење. Тој и не го брани. Едноставно го претставува како Оној кој создава од ништо и го одржува целокупниот живот.

Бог е духовно битие, но Тој е стварен. Тој е вечен и семоќен. Тој знае сè и се наоѓа едновремено на сите места. Со над стотина разни имиња за Бога во Библијата, не е чудно што Писмото вели: „Ако небото и небесата Твои не те собираат…“ (2. Летописи 6,18). 

Бог е љубов. Тој не е само Бог кој сака. Кога некој сака, може да се промени, но Бог не се менува. Љубовта е суштината на Неговото битие. Тоа е, всушност, Тој каков што е навистина. Тоа е Неговата природа. Бог е „милослив, жалослив, спор на гнев и изобилен со милосрдие и вистина“ (2. Мојсеева 34,6).

2. Каква е природата на Божјата љубов?

1. Коринќаните 13,4.5:„Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не е горделива, не е непристојна, не го бара своето, не се срди, не памти зло.“

Денес зборот „љубов“ е многу широк по своето значење. Љубов може да значи што било, од излив на страст до природата на Бога кој седи на својот престол. Според тоа, што сакале да кажат библиските автори кога напишале дека Бог е љубов?

Божјата љубов е безусловна. Ние ретко ги сакаме оние кои се одбивни и обично ги сакаме само оние кои нè сакаат. Меѓутоа, Бог едноставно ги сака сите, секој поединец: „Со тоа што Христос умре за нас, уште кога бевме грешни“ (Римјаните 5,8).

Божјата љубов никогаш не се менува. Ние понекогаш „престануваме да сакаме“. Бог тоа не го прави. На бунтовните Евреи Бог им рекол: „Со вечна љубов те засакав и затоа останав милостив кон тебе“ (Еремија 31,3). Дури и кога ние ќе го отфрлиме Бога, Божјата љубов останува непроменета.

Божјата љубов ги бара оние кои се во неволја. Некои мислат дека ние треба да го бараме Бога, небаре Тој се крие од нас и си игра со нас. Меѓутоа, Библијата вели дека Божјата љубов дојде „да го побара и да го спаси она што е загубено“ (Лука 19,10).

Божјата љубов ги става другите на прво место. Нашата љубов може да биде расипана со себичноста. Ние често даваме за да добиеме. Но, Божјата љубов „не го бара своето“. Таа е несебична. Исус се симнал од својот престол и станал човек. Не бил роден во палата, туку во штала со животни. Живеел скромен живот и умрел поради нас. Исус тебе те ставил на прво место, а себеси на последно.

Божјата љубов дава изобилно. Тоа не значи дека ни дава сè што сакаме да добиеме. Љубовта не е секогаш еднаква во богатството, пријатноста и сигурноста. Бог е како татко кој сака, но кој знае што е најдобро за неговите деца. Тој ги задоволува нашите потреби, иако понекогаш нè пушта да патуваме по патишта полни со дупки. Времињата на големите предизвици можат да нè научат на животно важните поуки во животот и да нè подготват за вечноста.

3. Во каква состојба се наоѓа нашиот свет?

Матеј 24,12: „И бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе олади.“

Животот е парадокс – мешавина од сјај и жалост, уживања и разочарувања, надеж и очајување, радосни срца и скршени срца. Животот може да се одвива навистина добро и тогаш… бум! Се случува катастрофа. Добиваш телефонски повик кој те известува дека имаш рак. Слушаш чукање на врата и полицијата ти вели дека твојот син доживеал сообраќајна несреќа. Откриваш дека твојот маж одржувал врска со друга жена.

Сиот свет е во очај. Војни. Поплави. Земјотреси. Болести. Силувања. Убиства. Самоубиства. Според записите на Министерството за правда на Соединетите Држави, само во таа земја над 15 илјади луѓе се убиени секоја година, вклучувајќи и над 500 деца. Над 600 лица се силувани или сексуално злоупотребувани секој ден. Многумина едноставно слегнуваат со рамената и велат: „Животот е неправеден!“

Злото е стварност. Сите ние сме ранети.

4. Дали Бог е навистина одговорен за болката и злото?

Матеј 13,27.28: „Господаре, нели добро семе посеа на нивата своја? Од каде сега, пак, овој какол во неа? А тој им рече: ’Непријателот го направи тоа!‘“

Исус раскажал парабола во која опишал земјоделец кој засеал пченица на својата нива. Како растела пченица, растел и каколот. Исус им рекол на своите слушатели дека пченицата (доброто семе) го претставува доброто, додека каколот го претставува злото. Исус јасно го обвинил „непријателот“, а тоа секако е сатаната.

Меѓутоа, тоа нас сепак нè остава во двоумење. Ако Бог е љубов, зошто тогаш има лоши луѓе? Дали семоќниот Бог е одговорен што го создал ѓаволот и, според тоа, посредно го создал и злото?

Прирачникот „Воено подрачје” се занимава со потеклото на злото многу поподробно, но сепак овде ќе извлечеме заклучок. Бог е љубов. Љубовта значи слобода што ја опфаќа и слободата на одлучување. Бог не создал марионети затоа што сакал да сака и да биде сакан. Меѓутоа, секогаш постои одредена мера на ризик во секоја љубов, зашто правата љубов значи дека постои и можност да биде одбиена. Во случајот на Луцифер, можност за зло и бунт.

Бог не го создал злото или сатаната. Тој создал совршено битие, кое се викало Луцифер и кое во текот на создавањето добило слободна волја. Луцифер избрал да ја отфрли Божјата љубов и, правејќи го тоа, станал сатана.

Според тоа, кој е одговорен за злото? Бог секако не е. Одговорен е сатаната. 

Болката во нашиот свет денес не е последица на Божјата отсутност, туку на ѓаволовата присутност.

И ние имаме слобода да избираме. Како последица, и ние сме вмешани во настанувањето на злото. Болката во нашиот свет денес доаѓа или врз основа на нашиот избор или како одлука на другите. Всушност, гревот доаѓа во пакет. Почетното искуство со гревот е возбудливо. Конечното и целосното искуство е болно.

5. Какво е Божјото решение за проблемот на злото?

Јован 3,16: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.“

Решавањето на проблемот на злото не е брза активност. Божјиот план бара процес кој, секако, бара време. Бог подготвил време и простор за да можат да се видат последиците од гревот во сета нивна целокупност.

Сржта на Божјиот план за уништување на гревот е крстот на Голгота. На крстот, Исус ја платил казната за гревот и ја победил силата на гревот.

Крстот ни нуди помош во нашето настојување да одговориме на прашањето: „Дали на Бога му е грижа за нас?“ Голгота го прикажува Бога кој дава сè, додека не останало ништо што би можело уште да се даде. Она што за нас е толку тешко да го разбереме за Бога (нашата болка и страдање) станува прифатливо врз основа на она што го знаеме за Него (Неговата болка и Неговото страдање).

6. Во колкава мера Бог ги разбира болката и страдањето?

Исаија 53,3: „Тој беше презрен и отфрлен меѓу луѓето, човек на болки и свикнат на болки, и ние го одвраќавме од Него лицето свое; Тој беше презиран, и ние за ништо не Го сметавме.“

Никој никогаш не страдал толку колку што страдал Исус. Него погрешно го сфатиле. Го отфрлиле. Го обвиниле. Го удирале. Го убиле.

Кога бил распнат, Исус извикнал: „Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?“ (Матеј 27,46) Ова не биле напамет научени зборови на некој холивудски глумец. Тоа бил Исус кој чувствувал дека му се крши срцето поради ужасот од одвојувањето од Таткото.

Исус се чувствувал како истуткан лист хартија и фрлен колку што можело подалеку; како стар отфрлен автомобил што го гаѓаат децата со камења. Исус не умрел само од телесните маки и болки. Тој умрел во својата душа. Христос станал проклетство поради нас: „Секој да е проклет што виси на дрво“ (Галатјаните 3,13).

Маченикот трпи физички, но има надеж во вечниот живот. Исус чувствувал како сè да загубил. Вечна смрт. Исус почувствувал нешто слично на она што Библијата го нарекува „втора смрт“ (Откровение 20,14.15). Тој наскоро ќе воскресне, но Тој не се чувствувал така. Тој од возвишен Бог станал отфрлен Бог кој ја почувствувал полната мера на злото.

Без оглед каква болка или трагедија чувствуваш, Исус те разбира. Тој ја разбира сета твоја болка. Физичка болка. Ментална болка. Емоционална болка. Духовна болка.

Ние можеме само да ја замислиме Неговата болка.

А што да кажеме за Бог Отецот? Некои умееле да кажат дека Отецот бил кукавица кога го пратил својот Син. Но, што е полесно? Да доживеете сопствена болка, или да гледате некој што го сакате како страда? Бог толку го сакал светот што го дал својот единствен Син. Не постои никаков поголем дар или посилен израз на љубов од тоа. Бог Отецот го разбира страдањето многу подобро отколку што можеме ние тоа да го сфатиме.

7. Што ни кажува крстот за Бога?

Јован 15,13: „Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели.“

Дури ни ангелите не знаеле колку е Бог добар – сè до крстот. Исус не умрел само за своите пријатели, туку и за оние кои го убиле. А ѓаволот го организирал убиството. Кој и да било заостанат сомнеж од војната на Небото засекогаш бил отстранет на крстот.

Крстот ни ја покажал раната што ја направил гревот на Божјото срце. Исус се дал себеси и Тој со задоволство не би живеел отколку да живее без тебе. Крстот ти кажува дека имаш бескрајна вредност во Божјите очи. Тој платил за тебе – не милијарда евра, туку ја дал својата сопствена крв.

Дури и кога ќе ти се чини дека твојот свет се распаѓа, крстот ти говори дека Бог те сака. Тој е на твоја страна и те поддржува. Тој те разбира и Тој е твој пријател. Имаш доволно причини да му веруваш.

Бог се грижи за тебе!

8. Зошто Бог сега не го запре злото?

Матеј 13,28-30: „А тој им рече: ,Непријателот го направи тоа!’ Слугите, пак, му рекоа: ,Сакаш ли да одиме и да го исплевиме?’ Но тој им рече: ’Не, да не би, корнејќи го каколот, да искорнете заедно со него и жито; оставете нека расте и едното и другото, до жетвата; а по жетвата ќе им кажам на жетварите: соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови, за да се изгори; а, житото приберете го во мојата житница‘.“

Во оваа парабола Исус рекол дека злото мора да остане околу нас доволно долго за да се види што е тоа. Да било злото (каколот) отстрането пред да созрее, можело да се случи и добрите луѓе да пропаднат заедно со него.

Што сакал Исус со тоа да каже?

Ова е тешко прашање. Никој ги нема сите одговори и има толку многу работи што не ги разбираме – на пример, бомбите во Најроби. Меѓутоа, очигледно е дека ужасите на гревовите во иднина ќе се видат многу појасно отколку сега. Она што сега не е јасно, тогаш сосем јасно ќе се види.

Бог мора да се осигури дека ниту еден од спасените не чувствува никаква љубов спрема гревот или слабост спрема привлечностите на гревот. Дури и со сите страдања околу себе, ние сè уште не го согледуваме злото во неговата целост. Меѓутоа, ѓаволот е толку полн со омраза, што наскоро ќе се покаже во сета своја жестина.

Бог е доволно моќен сега да му стави крај на злото. Но, во својата вечна мудрост решил тоа да не го стори – засега. Светот во кој живееме е соочен со сите можни видови проблеми. Полн е со грев и болка. Меѓутоа, Бог му дозволува на гревот да оди по својот пат. Решението на проблемот на гревот е процес и најмалку од сè што сака Бог е втора војна на Небото. Всушност, тоа нема да се случи.

9. Што чувствува Бог спрема тебе?

Еремија 29,11: „Зашто само Јас ги знам замислите што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж.“

Бог е лично заинтересиран за тебе и Тој има прекрасни планови за твојот живот. Има моменти кога ти се чини дека на Бога не му е грижа за тебе. Дури и полошо од тоа: дека е против тебе. Но, можеме да бидеме сигурни дека Бог така ги реди случувањата во нашиот живот за да ни обезбеди блескава иднина. Од своја перспектива, ние можеби не сме во состојба да го видиме тоа, но треба да имаме доверба во Бога и во Неговите ветувања.

Клучната мисла што треба да ја запомниме гласи дека Бог нè подготвува за Небото и за вечен живот со Исуса.

10. Што да правиме ако сме исплашени или ако страдаме?

1. Петрово 5,7: „Сите ваши загрижености префрлете ги врз Него, зашто Тој се грижи за вас.“

Едно е да се верува во Бога, а сосем друго да се има доверба во Него. Имаш ли ти доверба во Бога?

Многумина меѓу нас по својата природа секогаш се преполни со грижи. Ние го чувствуваме притисокот на животот и се обидуваме да пронајдеме некакво решение за своите проблеми. Нашите негативни очекувања многу често не се остваруваат, или барем не во онаа мера во која сме ги предвидувале. Сето тоа ни предизвикува стрес и влијае на нашето здравје и духовноста.

Бог сака да ги земеме сите наши грижи, товари, болки и сиот стрес, и сето тоа да му го пренесеме Нему. Тој се грижи за нас и сака да нè утеши. Всушност, Исус го ветил својот Свет Дух, Утешителот, да ни донесе духовно охрабрување и сила.

Барајте од Бога да ви даде мир сред бурата грижи. Ако Бог можел да ја создаде вселената, ако те сака толку многу што умрел за тебе, тогаш можеш да му довериш да го води твојот живот, и да најдеш утеха и мир во Него.

11. Како Бог се служи со страдањето за наше добро?

Римјаните 8,28: „А знаеме дека на оние што го љубат Бога и се повикани по Негова волја, сè им содејствува за добро.“

Библијата вели дека ние знаеме оти сепак сè ќе испадне на добро. Нема никаков сомнеж во тоа. Ние можеме да се потпреме на Бога дека тешките моменти во животот ќе ги претвори во нешто добро. Видовме дека текстот не вели дека сè ќе биде добро. Животот не е лесен и често пати се случуваат многу работи во животот што не би ги нарекле добри. Арно ама, сè што се случува ќе ни послужи за добро.

Иако Бог не предизвикува болка, Тој се служи со неа. Бог дозволува неволји и тешкотии за да нè поучи. Тешките времиња во животот нè приближуваат до Исуса за да побараме помош од Него. Тие ни покажуваат што е за нас битно во животот, а што не е важно ни значајно.

Ц. С. Луис е рекол: „Бог со шепот ни се обраќа во нашите радости… но, гласно говори во нашите неволји; неволјите се Негов мегафон со кој го буди глувиот свет..“

Библијата објавува прастар извештај за човекот кој се викал Јов. Нему во животот навистина добро му одело сè додека ѓаволот не му се приближил на Бога и го обвинил Јова дека му е верен на Бога само затоа што Бог го штити. Бог му дозволил на ѓаволот да му се приближи на Јов. Каква била последицата? Јов изгубил сè што имал, но му останал верен на Бога. Тогаш Јов изјавил: „Тој нека ме убие, немам што повеќе да загубам; само сакам однесувањето мое пред лицето Негово да го оправдам“ (За Јов 13,15). Извештајот покажува дека сатаната ги предизвикува неволјите. Бог ги дозволува за да го облагороди нашиот карактер и за да го покаже сиот ужас на злото.

Следниот пат кога ќе сакаш да го прашаш Бога: „Зошто не преземеш нешто?“ – разгледај ја мислата и тебе Бог да ти го постави тоа исто прашање. Кога им помагаш на другите во неволја, си помагаш самиот на себеси. Ние тогаш учиме да почувствуваме вистинска љубов и да мислиме за другите повеќе отколку за себеси. Нашиот живот е збогатен додека размислуваме за Исусовата љубов.

Тој умре за тебе, и можеш да имаш доверба во Него дека ќе го насочува твојот живот и дека ќе ти пружи утеха кога ќе ти биде тешко.

12. Дали и на новата земја ќе има болки и неволји?

Откровение 21,4: „И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.“

На новата Земја нема да знаеме за болка. Нема да има ни солзи. Ни смрт. Ни тага. Ни плачење. Ѓаволот ќе биде уништен и гревот никогаш повеќе нема да ја крене својата грда глава (Наум 1,9). Тоа е навистина нешто што се исплатува да се очекува, зар не?

13. Што треба да заклучиме за Бога и за неговиот карактер?

Откровение 15,3: „Големи и чудесни се делата Твои, Господи Боже Седржителе! Праведни и вистинити се Твоите патишта, Царе на народите.“

Има многу нешта за Бога што не ги разбираме. Ние веруваме дека Бог може сè да направи, а сепак гледаме зло околу нас. Нашиот ум сето тоа тешко може да го сфати. Но, кога гревот ќе биде уништен, кога на светот веќе нема да има болка, тогаш навистина ќе го цениме Божјиот план засекогаш да го отстрани гревот и ќе го сметаме за најдобар од сите планови. Бог навистина се грижи за нас. Бог е љубов.


Три факти што треба да ги запомниме:

  • Бог се грижи за нас
  • Крстот ја покажува Божјата љубов
  • Бог ја разбира болката

Случка:

Јован патувал од Бризбејн во Њујорк, деловно. Кога се впуштил во разговор со Лука, со човекот кој седел покрај него, разговорот набрзо се префрлил на религија. Јован му рекол на Лука дека студира геологија. Му рекол и дека мајка му е од православна вероисповед, а татко му атеист. Лука го прашал Јован дали е верник. Јован му одговорил: „Секако, и јас сум атеист, како мојот татко!“

Тогаш Јован му го поставил истото прашање на Лука. Лука одговорил дека е христијанин. Јован се потпрел на своето седиште и го запрашал Лука по што се разликува неговата религија од сите други религии. Лука размислувал малку околу одговорот. Се подготвувал да укаже на некои разлики меѓу својата деноминација и другите, но наместо тоа изрекол забелешка која го изненадила Јован. Имено, Лука рекол: „И ние сме атеисти!“ „Како тоа?“ Јован не можел да им верува на сопствените уши, и Лука можел да види како неговиот интелигентен ум се напрегнува за да ја сфати идејата за христијани атеисти.

Потоа Лука се вратил на разговорот на Јован. „Добро, зборувајте ми за Бога во кого не верувате!“ Јован малку се збунил. „Како би можел тоа да го сторам? Јас не верувам во Бога!“ Лука одговорил: „Да, мора да сте создале некаква ментална слика за тој Бог во кого не верувате.“ „О, да, секако! Тој е голем и моќен. Но рамнодушен е. Всушност, ако размислам подобро, прилично е суров. Мислам дека воопшто не му е грижа за никого!“ Јован скокнал: „Се согласувам, ни јас не верувам во таков Бог. Меѓутоа, што ќе се случи ако откриете дека Бог навистина се грижи за нас. Дека тоа е Бог кој нè сака со толку совршена љубов што ни дал и совршена слобода; Бог, кој секому му дава способност не само да Го сака туку и да Го отфрли; Бог кој е подготвен да умре за да можеме ние да живееме. Бог кој знае дека во нашиот свет постојат негативности, но ни дава сила да се соочиме со нив. Бог кој се погрижил секој, кој навистина сака да живее со Него на Небото, да може да стигне до својата цел.“

Јован седел замислено и размислувал. На крајот рекол: „Никогаш досега не сум чул такво нешто! Навистина ме поттикнавте на размислување.“

Како би го опишале Бога на некој со кого се среќавате прв пат? Што би можеле да сториме за да му понудиме таква слика за Бога од која луѓето, слични на Јован, би биле привлечени кон Него?

Неколку лични прашања:
1. Кога би ви кажале дека сте заболеле од некоја смртоносна болест, како би го поднеле тоа?
2. Од каде добиваш сила и храброст кога се соочуваш со болка и страдања?
3. Раскажи ни некое свое искуство кога Бог направил злите околности да се свртат на добро.

Ве молиме да го изработите тестот за да преминете на следната лекција.