21. Судење

21. Судење

Кога би биле осведочени дека Исус повторно ќе дојде денес, како би се чувствувале? Што би направиле? Каде би отишле?

На 22 октомври 1844 година, десетици илјади христијани го чекале второто Христово доаѓање. Се собирале на врвовите на планините, во црквите или во своите домови.

Во текот на претходните месеци, верниците во Северна Америка, но и во другите делови на светот, почнале сериозно да се подготвуваат за тој голем настан. Се молеле и ја проучувале Библијата како никогаш порано. Земјоделците по полињата го оставале својот род, и пченката и компирите, необрани. Трговците ги затворале вратите на своите продавници.

На првата страница на весниците во Соединетите Држави се појавил следниов оглас:

„Ако некому должам некакви пари поради моите деловни потфати и ако не сум бил најправичен при плаќањето, ве молам да ме известите за да можам да ги вратам моите долгови, бидејќи Исус ќе дојде на 22 октомври 1844 година, а јас сакам да се воздигнам на облаците и да заминам со Него“ (The Providence, Rxode Island News- paper, 1844 година).

На нивно големо разочарување, Исус не дошол во 1844 година. Што се случило? Зошто не дошол?

Години пред тоа, баптистичкиот фармер по име Вилијам Милер почнал да ги проучува пророштвата. Наишол на пророштвото во Книгата на пророкот Даниел кое му го привлекло вниманието: Даниел 8,14! Тука стои напишано: „Две илјади и триста вечери и утрини; и тогаш светилиштето ќе се очисти.“ Милер заклучил дека тоа пророштво го открива датумот на Христовото второ доаѓање. Ги направил своите пресметки и одредил дека Исус ќе дојде во 1843 или 1844 година.

Вилијам Милер е зачетникот на глобалното движење во кое учествувале баптисти, методисти, католици и припадници на многу други деноминации. На врвот на движењето над три илјади пастори и околу сто илјади следбеници го чекале Господовото доаѓање.

Кога Исус не дошол, надежите биле разнишани. Тој настан е запишан во историјата на движењето како „големо разочарување“.

Зошто Исус не дошол во сите тие изминати години? Дали Милер нешто погрешно протолкувал или пропуштил да види? Што е тоа „чистење на светињата”? Постои ли некаква врска меѓу светилиштето и Божјиот суд? Ако има, треба ли денес да се плашиме од судот?

Во оваа лекција ќе ја истражуваме тематиката за судењето. Просто е неверојатно, но ние ќе откриеме дека судењето се одвива токму сега.

1. Колку луѓе ќе мораат да се соочат со судот?

2. Коринќаните 5,10: „Зашто сите  ние треба да се јавиме пред Христовиот суд. Та секој да прими што заслужил, според она што го извршил во телото свое, било добро или зло.“

Судењето не е препуштено на нашиот избор. Еден ден сите ќе се соочиме со својот Создател и ќе бидеме повикани на одговорност поради одлуките што сме ги донесувале во животот. Некои се плашат од овој настан и не сакаат да разговараат за тоа. Меѓутоа, ако имаме вера во Исуса, ако имаме доверба во Него, нема никаква потреба да бидеме нервозни. Ние дури можеме со нетрпение да го очекуваме судот.

2. Дали ова судење ќе се одржи пред второто Христово доаѓање?

Откровение 22,12: „И еве, ќе дојдам скоро, и платата моја е со мене, за да му дадам на секого според делата негови.“

Исус ќе дојде со награда, „за да му дадам на секого според делата негови“. Наградата прво мора да се одреди, па дури потоа да се врачи. Според тоа, во одредено време пред Христовото второ доаѓање ќе се одржи судење. На ова судење треба да се утврди кој ќе се спаси а кој ќе биде засекогаш изгубен.

Како и на секој друг суд, и овде ќе се изврши истрага и ќе се изнесуваат факти, па дури тогаш ќе се донесе пресудата и ќе се одреди висината на казната. За христијаните, пресуда или награда е вечен живот со нашиот Пријател и Спасител Исус.

3. Како пророкот Даниел го опишал ова судење?

Даниел 7,9.10: „Видов најпосле дека се поставија престоли и седна Старец; облеклото му беше бело како снег, а косата на главата Негова како чиста волна; престолот Негов личеше на огнен пламен, со тркала како оган што пламти. Река огнена излегуваше и минуваше пред Него; илјада илјади му служеа, и десетина илјади по десет илјади стоеја пред Него; седнаа судиите и книгите се отворија.“

Даниел во видението видел судење во небесното Светилиште. Бог седел на својот престол. Судот заседавал. Биле присутни милиони ангели. Книгите се отвориле поради истрагата. Судењето започнало. Даниел ја опишува оваа глетка како величествена и спектакуларна.

4. Која е целта на ова судење?

Даниел 7,18: „ Потоа, светиите на Севишниот ќе го земат царството и ќе владеат со него во векови.“

Судењето потврдува кој ќе биде спасен во текот на второто Христово доаѓање. На пророкот Даниел во видението му се прикажани многубројни напади против Божјиот народ во текот на историјата. Потоа го видел судењето како божествено решение да го награди својот народ (Даниел 7,18.22).

Божјото срце копнее да го спаси целото човештво (2. Петрово 3,9). Времето на судењето нè опоменува на фактот дека времето истекува. Сега е моментот да бидеме тажни поради своите гревови. Сега е време за целосна доверба во Исуса и целосна зависност од Него.

Судењето има сеопфатни последици. Со некој чуден пресврт, Бог не е само судија, туку е и Оној кому му се суди (Римјаните 3,4). Целата вселена ќе го набљудува Божјото судење на секое битие во текот на историјата. На крајот на судењето, нема да постои никаков сомнеж дека Бог е љубов; дека Бог чесно суди; дека Бог праведно суди.

Судењето е сеопфатен чекор во решавањето на проблемот на гревот. И тоа не само за сега, туку засекогаш.

Исус ќе дојде со својата награда, да даде на секого според делата негови.

5. Кои се клучните учесници во судењето?

Јован 5,22: „Отецот не суди никого, туку целиот суд му го предаде на Синот.“

На судењето учествуваат:

  • Бог како судија (Даниел 7,9)
  • Сатаната како обвинител (Откровение 12,9.10)
  • Исус како бранител (1. Јованово 2,1)
  • Човечките битија како обвинети (2. Коринќаните 5,10)
  • Ангелите како сведоци (Даниел 7,10)

 

Судењето е радосна вест. Отецот му го препуштил судењето на Исуса. Според тоа, Исус, нашиот Застапник, ќе биде и наш Судија. Замислете го тоа! Исус умрел наместо нас. Тој ја издржал казната за нашите гревови. Затоа Исус може едновремено да биде и праведен и милослив. Ако на Исуса му ја подарите својата целосна доверба, ќе бидете оправдани на тоа судење.

6. Врз која основа ќе се суди?

Проповедник 12,14: „Зашто Бог ќе ја изведе на суд секоја работа, и што е тајно, било да е добро или лошо.“
1. Јованово 2,1: „Чеда мои, ова ви го пишувам зада не грешите; и ако некој згреши, кај Отецот имаме Застапник, Исус Христос, Праведникот.“
Откровение 3,5: „Кој победува ќе биде облечен во бела облека, и нема да му го избришам името негово од книгата на животот, туку ќе го признаам името негово пред Мојот Отец и пред Неговите ангели.“

Божјиот закон е мерило на судот. Бог ги забележал секоја мисла и однесување. Целото Небо е свесно сè што правиме, дури и кога нашите гревови се направени во тајност.

Според тоа, како може праведниот Бог да објави дека виновната личност не е виновна?

Библијата вели дека плата за гревот е смрт (Римјаните 6,23). Ние сме криви. Ние заслужуваме да умреме. Меѓутоа, Исус ја презел нашата казна и умрел наместо нас. Бидејќи Тој е оној против кого сме грешеле, Тој е и единствениот кој може да ја преземе и казната за нашите гревови.

Кога ги признаваме своите гревови, се случуваат две работи:

  • Се објавува дека ние веќе не сме виновни
  • Прогласени сме за праведни

Исус нè оправдува „преку дар, со Божјата благодат“ (Римјаните 3,24). Нашите имиња ќе бидат запишани во книгата на животот на Јагнето. Тоа значи дека ќе бидеме спасени. Исус им ветил на своите следбеници дека на судот нема да ги избрише нивните имиња од книгата на животот. Сосем спротивно, ќе биде избришан записот за нивните гревови (Дела 3,19).

Меѓутоа, разгледајте го и ова. Можеби се прашувате зошто Бог на љубовта и милоста не ги земе на Небото сите луѓе? Впрочем, зар Тој не сака да дојдат сите во Неговото царство?

Бог ќе ги земе на Небото сите оние кои таму ќе се чувствуваат среќни. Кога станува збор за Небото, тука е многу поважно пријателството со Исуса отколку небесните станови. Тоа што ќе го гледаат Исусовото лице, за верниците ќе биде највисокиот дострел во животот. За неверниците тоа би било мачење (Откровение 6,14-16). Ако не уживаме во времето кое на оваа Земја го минуваме со Господа, сигурно е дека нема да уживаме во тоа ни на Небото. Бог ги почитува нашите одлуки и нашиот избор. Милоста, која на некои луѓе им го ускратува Небото, е онаа иста милост која на други им ја отвора небесната врата.

Судењето е радосна вест. Таткото го препуштил судењето на Исус. Според тоа, Исус, нашиот Застапник, ќе биде и наш Судија.

7. Кога треба да почне ова судење?

Даниел 8,14: „Две илјади и триста вечери и утра; и тогаш светилиштето ќе се очисти.“

Книгата на пророкот Даниел ги разгледува значајните прашања поврзани со големиот судир меѓу Христа и сатаната. Во седмата глава пророкот го гледа подемот и падот на Вавилонското царство, Медо-персиското, царството на Александар Македонски и на Римското царство. Потоа ја гледа и силата на „малиот рог“ во средновековната Црква. Кога и таа сила ќе падне (што и се случило во 1798 година), Даниел гледа како започнува судењето (Даниел 7,9-11). Според тоа, знаеме дека судењето ќе започне во некој момент по 1798 година.

Во осмата глава времето на судењето станува многу определиво. Даниел повторно гледа големи суперсили од светската историја (вклучувајќи ја и силата на антихриста). Тие го напаѓаат Божјиот народ и владеат со светот. Даниел на видението одговара со прашањето: Колку долго ќе траат овие напади?

На Даниел му било речено дека сите судири и сиот отпад ќе потраат 2300 денови пред да се „исчисти светињата“. Тоа предизвикало буквално да се разболи од загриженост (Даниел 8,27). Му било јасно дека пророштвото се однесува на време во далечната иднина, зашто и било речено дека ќе се исполни „за многу време“ (Даниел 8,26). Секако, дека Даниел добро знаел дека пророчкиот ден претставува една година, и затоа, додека гледал во далечина од 2300 години, паднал на колена да се помоли.

Даниеловата искрена молитва се наоѓа во следната глава, во Даниел 9. Всушност, клучот за разбирањето на временската рамка на текстот во Даниел 8,14 е сфаќањето дека осмата и деветтата глава од Книгата на пророкот Даниел се делови на едно исто видение и пророштво. Во оригиналните ракописи на Писмото никогаш немало поделба на поглавја.

Даниел сериозно се молел за својот град и за својот народ, барајќи проштавање и очистување. Бог одговорил на Даниеловата молитва со тоа што го пратил својот ангел Гаврило (или во некои преводи Гавриел, Гаврил; Даниел 9,20-22). Гаврило е истиот оној ангел кој е виден порано во осмата глава (Даниел 9,21). Во целата осма глава Гаврило ги прикажува силите во облик на ѕверови и ги опишува настаните што ќе се случуваат при крајот на 2300 денови и ноќи (чистење на светињата). Единствено што недостигало бил почетниот датум за пророштвото од 2300 денови и ноќи. Во деветтата глава, Гаврило го открива почетниот датум и дава дополнителни подробности за видението кое се однесува посебно на Даниеловиот град и народ: Ерусалим и Евреите (Даниел 9,24-27) – ова пророштво е детално опишано во прирачникот под наслов „Таинствениот човек од пророштвата“.

Гаврило рекол дека тој дел од пророштвото е „одреден“, буквално „отсечен“ од вкупниот временски период од 2300 денови и ноќи (Даниел 9,24). Последователно, ние можеме да бидеме сосем сигурни дека почетниот датум за 2300 денови и ноќи се сосем исти како и почетниот датум од месијанското пророштво во 9. глава на Книгата на пророкот Даниел. Двата временски периода се делови од исто пророштво.

Почетниот датум на тоа пророштво била заповедта која им дозволувала на Евреите да се вратат во Ерусалим и повторно да го изградат својот град (Даниел 9,25). Овој декрет, кој е запишан во Ездра 7, го издал царот Артаксеркс во седмата година од своето владеење, во 457 година пред Христа. Тој почетен датум е потврден во историјата со списите на грчкиот историчар Херодот, со вавилонските записи и со записите на александрискиот астроном Птоломеј (Птоломеевиот канон). Ако сметаме 2300 години од 457 година пред Христа, доаѓаме до 1844 година, до почетокот на чистењето на Светилиштето.

Проучувањата на Вилијам Милер биле многу опсежни. Неговото пресметување на времето било точно. Милер единствено не го одредил точно значењето на изразот „тогаш ќе се исчисти светињата“. Тој мислел дека со тоа е најавено чистењето на Земјата со оган при второто Христово доаѓање.

Што значи изразот чистење на Светилиштето? И зошто Даниел го поврзал со судењето? Најдобар начин да се одговори на ова прашање е да се разгледа чистењето на земското Светилиште. Тој настан многу јасно укажува на делото на судењето што го извршува Исус во небесното светилиште. Истражувањата на Вилијам Милер биле опсежни. Неговото пресметување на времето било точно, меѓутоа, самиот настан бил погрешно сфатен.

8. Кога се чистело земското Светилиште?

3. Мојсеева 23,27: „И десеттиот ден од седмиот месец, Денот на , нека ви биде ден за свето собрание: смирувајте ги душите ваши и принесувајте му жртва на Господ.“
3. Мојсеева 16,30: „Зашто во тој ден ве очистуваат, за да ве очистат од сите ваши гревови, и да бидете чисти пред лицето Господово.“

Додека животинските жртви се принесувале секој ден, свештеникот земал од нивната крв и ја попрскувал внатрешноста на светињата во Светилиштето. Двете служби симболички го прикажувале пренесувањето на гревот и смртта – од животното на Светилиштето.

Еднаш годишно, еден ден бил издвоен за посебна служба. На Денот на помирување (или наречен уште и Ден на чистење) првосвештеникот влегувал во Светињата над светињите, на местото каде што бил присутен Бог лично и Неговиот закон.

Денот на помирување или Јом Кипур бил ден одвоен за воспоставување на целосна хармонија меѓу Бога и човека. Целта била чистење и на Светилиштето и на грешниците. Извештајот за гревовите се водел во Светилиштето во текот на целата година (симболички со попрскување со крв). По Денот на помирувањето гревовите биле симболички „бришени“ и Светилиштето се чистело од гревот.

Тоа бил и ден на судењето. Израилскиот народ морал да ја „мачи душата своја“, трудејќи се да установи дали има и некои непризнаени или неотфрлени гревови. Тој ден, оние кои одбивале да ги признаат своите гревови, биле прогласувани за виновни и биле отфрлени од Божјиот народ (3. Мојсеева 23,29).

9. Како ќе се исчисти небесното Светилиште?

Евреите 9,23: „И така, образите небесни требаше да се очистат на таков начин, а самото небесно со подобри жртви од овие.“

Чистењето на Светилиштето, кое го прорекол пророкот Даниел, не можело да се однесува на чистењето на земското Светилиште. Еврејскиот Храм го уништиле Римјаните во 70- тата година по Христа и тој никогаш повеќе не бил повторно изграден. Настаните и симболите на земското Светилиште укажувале на Исуса и на Светилиштето на Небото. Според тоа, што се случило на Небото? Можеби изгледа чудно што совршеното небесно Светилиште треба да биде „очистено“; но, извештајот за нашите гревови навистина се наоѓа во Светилиштето. Чистењето на небесното Светилиште е отстранување на записот за нашите гревови од небесните книги (Даниел 7,10). Тоа е судењето. Можете ли да замислите колку ќе биде прекрасно да се отиде на Небото и да се установи дека ниеден од нашите гревови никаде не е запишан?

Пред да бидат нашите гревови избришани, Бог гледа во книгите за да одреди кој го прифатил бесплатниот дар на спасението. ќе има и такви кои ќе веруваат дека се христијани, но кои не го прифатиле целосно Исуса ниту го посветиле својот живот Нему (Матеј 7,22.23). Оние што не го прифатиле целосно Исуса, ќе доживеат од небесната книга на животот да се избришат нивните имиња наместо нивните гревови (Откровение 3,5).

Бoжjиот суд e дoјден. Нe, мoжеби е дојден. Нe, мoжеби ќе дојде. Туку, дoјден е. Бoжjиот суд токму сега заседава.

10. Какво влијание ќе има судењето врз нашиот живот?

Откровение 14,7: „Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори!“

Да се живее во нашето време од земската историја не е некоја „обична работа“. Божјиот суд е дојден. Не, можеби е дојден. Не, можеби ќе дојде. Туку, дојден е. Божјиот суд токму сега заседава.

Сега е време за духовно будење и реформа. Сега е време да го обожаваме Бога, нашиот Создател. Сега е време да живееме водени од Светиот Дух. Сега е време да се ослободиме од вината и од силата на гревот?

Бог е трпелив. Тој од сè срце сака да ги спасува луѓето и со години чека да се покајат. Но, наскоро ќе истече времето на милост. Исус ќе се врати и тогаш ќе можеме да живееме со Него низ сета вечност. Ако сè уште не сте му го предале целиот свој живот Нему, зошто тоа да не го сторите денес?

Чистењето на небесното Светилиште е отстранување на записот за нашите гревови од небесните книги (Даниел 7,10).


Три факти што треба да ги запомниме:

  • Судењето започнало во 1844 година.
  • Исус е и наш Застапник и наш Судија.
  • Сега е време да го прифатиме Исуса како свој Господ и Спасител.

Случка:

Катерина израснала во христијански дом. Пријателот на нејзиниот татко, Роберт, се сеќава на Катерина како на бистро и весело девојче. Таа сакала да оди на црковните кампови и на излетите во природа. На Роберт му се чинело дека Катерина нема никакви грижи на светот.

Кога станала тинејџерка, Катерина почнала да експериментира со алкохол и дроги. Со текот на времето, влијанието на гревот надвладеало во целиот нејзин живот. Станала зависник од хероин. Проститутка. Целиот нејзин живот се претворил во хаос. Забременила од човек што го сретнала на улица. Кога му дала име на своето бебе, го нарекла „Надеж“. Можеби сакала да има некаква надеж во својот живот, па во тоа бебе видела симбол на очекување на нешто подобро.

Животот на Катерина и понатаму течел по надолнина. Стигнала и во затвор поради кражба и проституција, па своето мало дете го оставила во рацете на своите родители.

По многу години, Роберт дознал дека Катерина ќе се врати дома и дека конечно ќе може да се сретне и соедини со својата ќерка Надеж.

Кога Роберт ја здогледал Катерина како влегува во собата по толку многу години, не можел да им поверува на своите очи. Нејзиното лице било збрчкано и грдо. Била толку слаба, што изгледот откривал исцрпена и болна жена. Изгледала и стара и уморна, измачена од гревот. Не може со зборови да се опише колку му било непријатно додека ја гледал оваа некогаш прекрасна девојка која си го упропастила животот.

Тогаш и Надеж ја здогледала мајка си. Но нејзината реакција била поинаква. Фрлила поглед на Катерина и извикнала: „О, видете ја мама, зар не е прекрасна!“ Таа не гледала во неа жена уништена од гревот. Таа ја гледала својата сакана мајка, мајка која си ја сака својата ќерка.

Можеби понекогаш можете да почувствувате како да сте го упропастиле својот живот поради гревот. Меѓутоа, кога на судот Бог ќе ве погледне, Тој нема да види безнадежен случај. Тој ќе го види Исуса како стои на вашето место и го покрива вашиот живот. Вие не сте безвредни. Вие сте Божјо откупено чедо, кое има бескрајна вредност.

Како се чувствувате кога сфаќате дека Исус ве прифаќа и ве сака такви какви што сте?

Неколку лични прашања:
1. Што би му кажале на некој кој смета дека не е „доволно добар“ да се соочи со судот?
2. Зошто мислите дека Исус е нашиот идеален Застапник на судењето?
3. Кој е, според вас, најуспешниот начин човек да го совлада гревот?

Ве молиме да го изработите тестот за да преминете на следната лекција.

лекција СОДРЖИНА