Тајните на пророштвата

 

За курсот

Враќањето во историјата разоткрива многубројни култури кои биле обземени со копнежот да ја дознаат иднината. Пророците кои ја напишале Библијата се служеле со таинствени симболи и временски кодови за да опишат над илјада вџашувачки и посебни пророштва. Тие пророштва однапред ги најавувале најважните настани, како и појавувањата и исчезнувањата на народите во текот на историјата.

Какви се целта и важноста на библиските пророштва? Зошто пророштвата се напишани во таинствени кодови, шифри и симболи? Колку е веродостојно некое библиско пророштво и што всушност значи тоа? Во текот на целава серија ќе ги наоѓате клучевите кои ќе ви ги отклучуваат тајните на библиските пророштва.

Курс преку Интернет  

Печатено издание