
7. Откријте ја вечноста
Приказна
Не морате да бидете христијанин кој ѝ верува на Библијата за да бидете песимист во поглед на човештвото и човечката природа. Приказната за човечкиот род е приказна за војни, насилства, омраза, искористување, злоупотребување, мамење…
Околу 400 година пред Христа, грчкиот драмски писател Есхил го запишал следново: „Ах, судбино човечка! Човековите најсреќни мигови се само слики полни сенки. А тогаш стигнува несреќа, и во два потега мокар сунѓер го брише целиот цртеж“.
Околу 2400 години подоцна, писателот Џејмс Џојс проговори преку еден од своите ликови: „Историјата е ноќен кошмар од кој се обидувам да се разбудам“.
Покрај толку грдо минато – и сегашност, која не е ништо подобра – не е ни чудно што луѓето од памтивек размислувале за тоа што носи иднината. Со оглед на таквите шпекулирања, кој од нас не е барем малку загрижен од она што можеби нè очекува?
Интересно е што некои од најпознатите книги со ваква тема ја опишуваат иднината како вистински кошмар, небаре писателите – длабоки познавачи на човечката природа и нејзината неуморна подготвеност за зло – не можат ни да замислат подобра иднина!
1984
На пример, Џорџ Орвел во 1949 година ја напишал познатата книга „1984“, во која го опишал светот под тиранска власт на еден апсолутен диктатор наречен Големиот брат. Големиот брат постојано надгледува огромен број луѓе, строго казнувајќи ги дури и погрешните мисли на поединците.
Во таа книга, „полиција за мисли“, на крајот го фаќа јунакот зашто направил – зашто сакал да направи, иако тоа никаде не го кажал – суштинско злосторство кое во себе ги содржи сите други. Тоа е злосторство на мисли, како што се нарекува тоа. Злосторството на мислите не е нешто што човек може довека да го крие. Можеби некое време и ќе успеете да го избегнете тоа, па дури и со години, но порано или подоцна тие ќе ве фатат.

Сцена од филмот „1984“
Храбар нов свет
Уште во 1932 година, Олдос Хаксли ја објавил книгата Храбар нов свет. Тоа е неговата визија за иднината во 2540 година по Христа – во која бебињата по вештачки пат масовно се произведуваат во инкубатори, со што се негира потребата од семејство и семејни односи. Индивидуалноста не е дозволена, а луѓето уште од раѓање се програмирани за одреден статус и улога во општеството. Како и Орвеловата 1984, и Храбар нов свет ја опишува иднината која во целост ја надгледува тиранската власт на елитата, која го контролира умот и однесувањето на секоја личност, не оставајќи простор за слободни мисли или индивидуалност. Во Хакслиевата визија, масите се држат под контрола преку разни облици на контрола на умот, вклучувајќи и огромни количества дрога наречена „сома“.
Минатото е најава за иднината
Шекспир еднаш рекол: „Минатото е пролог“, едноставно мислејќи на тоа дека многу работи во животот се повторуваат. Ако е тоа вистина, ако сè во што можеме да се надеваме е, малку или повеќе, исто, тогаш нема причина да мислиме дека иднината ќе ни биде нешто подобра од минатото.
Од друга страна, ако верувате во Библијата и во ветувањата што се наоѓаат во неа, тогаш е наполно оправдано да верувате дека иднината ќе биде многу поинаква од минатото, и дека – по второто Христово доаѓање – ништо на овој свет нема да биде исто.
Еве предвидување дека пред Исусовото второ доаѓање ќе владее уверување според кое сè ќе биде исто.
Ако и во иднината сè остане како што било, имаме доволно причини да бидеме песимисти, зар не? Суштината на библиските ветувања за иднината и за вечноста е токму во тоа што нема да биде само суштинско продолжување на минатото – туку радикален прекин со него.
Второто доаѓање
Во претходното проучување под наслов „Спасение – што значи тоа?“, видовме дека второто Христово доаѓање е осигурано со неговото прво доаѓање. Создателот на вселената не ја презел врз себе човечката природа и го понел гревот, злото и страдањата на овој свет само за да нè остави во грев, зло и страдање. Напротив, Тој ветил дека ќе се врати и сè ќе разреши, и тоа засекогаш.
Исто така, видовме дека – и покрај популарното уверување дека Христос ќе дојде тајно, земајќи ги незабележливо верните луѓе со себе на Небото додека другите се прашуваат што се случило со нив – второто Христово доаѓање ќе биде глобален настан видлив за секој човек.
Нема ништо тајно во овој настан, тоа е сигурно.
Плева
Имено, постои едно извонредно старозаветно пророштво за Исусовото второ доаѓање и за она што потоа ќе се случи на Земјата. Во средиштето на ова пророштво е биста на човек со глава од злато, со раце и гради од сребро, со стомак и бедра од бронза, со нозе од железо, и со стапала и ножни прсти од мешавина од железо и глина, а на крајот на пророштвото, наоѓаме камен кој го претставува царството кое ќе ја исполни целата Земја. Видете ја втората глава на книгата на пророк Даниел.
Библијата го открива значењето на оваа пророчка статуа (во некои преводи кип или лик; заб. прев.). Тоа е најпрекрасното долгорочно пророштво што го наоѓаме во Библијата. Тоа го открива редоследот на светските царства од Даниеловото време, околу 605 година пред Христа, па сè до крајот: Вавилонското, Медо-персиското, Царството на Александар Македонски и Римското царство. Овие царства подоцна се разделиле на нациите на модерна Европа.
Сите тие царства постоеле во текот на историјата, токму како што и најавило пророштвото. Единственото царство кое не го снемало, барем сè уште не, е она последното – Божјето царство – кое се создава по сите овие светски царства. Во тоа пророштво, Божјето, последното царство, е претставено како голем камен кој ја крши бистата и од неа не останува ништо.
Еве го тоа пророштво:
Потоа, Даниел го толкува ова пророштво, објаснувајќи дека овие метали претставуваат различни царства кои ќе се појават едно по друго во текот на наредните векови. Кога дошол до големиот камен кој ги здробил сите, рекол:
Што ќе се случи со народите и со самиот свет каков што го познаваме? Тие се искоренети. Станале како плева, прав, како однесени од ветар, и не им се најде место.
Уште колку попрецизна би морала да биде Библијата? Кога Исус ќе се врати, нема да остане ништо од светот каков што го познаваме.

Кипот од 2. глава на Книгата на пророк Даниел
Ги однесе сите
Вакви слики се јавуваат низ целата Библија. Самиот Исус го споредува своето второ доаѓање со потопот што го уништил тогашниот свет.
Воочете го јазикот што се користи овде. Оние кои не влегле со Ное во коработ ги однел Потопот. Тоа значи дека биле уништени, убиени, а не оставени на Земјата додека спасените се тивко земени на Небото. Тие загинале, а Земјата била опустошена.
Одиме горе
Второто доаѓање е, значи, единствен и неповторлив настан, настан кој не може со забуна да се протолкува како нешто друго, натприроден настан кој на свој начин ќе ги открие сета стеснетост, ограниченост и ништожност на човековиот разум и наука.
За време на второто Христово доаѓање, „мртвите во Христа“ ќе воскреснат од земјата – или од местото каде што им биле останките – и ќе бидат земени со Христа на Небото.
Зборувајќи за истиов овој настан, Библијата вели:
Еве како библиската книга Откровение го нарекува првото воскресение:

За време на илјадагодишното царство Земјата ќе биде опустошена
Милениум
Илјадагодишница? Што значи тоа?
Илјадагодишница е библиски термин за она што се нарекува и милениум. Според стиховите што ги читавме до сега, милениумот започнува со воскресението на мртвите во текот на второто Христово доаѓање, кои тогаш ќе станат бесмртни, а потоа, ќе појдат на Небото заедно со оние кои биле живи во време на Христовото враќање. Таму тие ќе бидат свештеници на Бога и Христa, и ќе царуваат со Него илјада години.
Ова е исполнување на едно од најголемите ветувања дадени на сите оние кои веруваат во Исусa, исполнување на големата надеж на сите нас кои трагаме по вечноста.
Ова е навистина целта на сè. Без ова прекрасно ветување, ние немаме ништо – а со него имаме сè што некогаш сме можеле да помислиме или да посакаме. Ова ветување, надеж – и ветување и надеж – загарантирано со Христовата смрт, е нешто што овој свет никогаш не може да ни го пружи!
Илјадагодишницата на Земјата
Видовме дека, кога Исус ќе се врати, ќе воскреснат мртвите во Христа – сите кои умреле со вера во него. Потоа, заедно со верните кои се живи кога Тој ќе се врати, ќе станат бесмртни и ќе бидат земени на Небото. Таму ќе владеат со Христа илјада години – тоа е милениум.
Меѓутоа, милениумот не е толку добра вест за оние кои избрале да бидат загубени – за оние кои го отфрлиле Христа и неговите вредности. Кога Исус ќе се врати, како што видовме, изгубените ќе загинат и Земјата ќе остане опустошена, како по потопот. Во еден текст, Исус дури ги споредува настаните за време на Неговото враќање со уништувањето на Содом.
Независно дали е потоп или Содом, последиците се исти: изгубените, со оглед на тоа дека го отфрлиле дарот на спасението, загинуваат, а Земјата ќе остане пуста, како што прорекол старозаветниот пророк Еремија.
Еремија го употребува изразот „разорена и пуста“, кој потекнува непосредно од 1. Мојсеева 1,2 – тоа е сликата на Земјата пред Господ да создаде живот на неа. Според тоа, овој стих покажува дека во текот на милениумот Земјата ќе биде во темнина, опустошена и во хаос.

„Ја гледам земјата – и ете, таа е разорена и пуста…“
Сатаната врзан
Книгата Отковение ни дава најјасен опис за она што ќе се случува на Земјата во текот на илјадагодишницата, која започнува со Христовото второ доаѓање.
Грчкиот збор за бездна е abyssos, а оттаму доаѓа и зборот амбис – што е ист збор кој стои во грчкиот превод на 1. Мојсеева 1,2, а кај нас е преведен со „бездна“. Тој ја опишува Земјата пред Господ да создаде живот на неа. Овој јазик ни го доловува безживотниот пустош на Земјата додека сатаната во неа ќе биде врзан илјада години. Ова е она „И беше исфрлен големиот змев старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена“ (Откровение 12,9). Важно е што текстот изрично тврди дека во таа временска рамка тој нема да може да ги „мами народите… додека не се навршат илјада години“, со оглед на тоа дека во тоа време сите спасени ќе бидат на Небото како „свештеници на Бога и Христа, и ќе царуваат со нив илјада години“, а сите други ќе бидат мртви. Во меѓувреме, во текот на тој илјадагодишен период, сатаната ќе биде фрлен во бездна – тој безживотен и пуст амбис.
Величествена завршница
Во 20. глава на книгата Откровение, во која илјадагодишницата се споменува повеќепати, гледаме дека за изгубените и сатаната не е сè готово за време на Второто доаѓање. Следува завршното судење.
Воочете го текот на настаните што ни ги открива Бог. Видовме дека:
- Кога Христос ќе се врати, сите спасени се вознесуваат кон Небото, каде ќе владеат со Христа илјада години.
- Сите зли се во своите гробови. Не се во пеколот – едноставно се мртви.
- Земјата е опустошена и без луѓе. Сатаната е врзан на Земјата во периодот од тие илјада години.
- Тогаш, на крајот од тие илјада години, ќе се случува следново:
- Воскресение на злите – оставените – или второ воскресение.
- Сатаната е повторно слободен да ги предводи оние кои го следат него и неговите патишта.
- Тој ги собира своите следбеници од сите времиња и од сите места за завршниот напад на Божјето царство. Тогаш настапува Бог со завршната казна и со уништување на злите.
- На крајот на илјада години ќе биде одржано и завршното судење на изгубените.

Бог ќе го обнови животот на Земјата
Новото создавање
„Зашто, ете, Јас создавам ново небо и нова земја, а поранешните нема повеќе да се спомнуваат, ниту на ум ќе доаѓаат“ (Исаија 65,17).
„Зашто, како што новото небо и новата земја, кои Јас ќе ги создадам, ќе бидат секогаш пред лицето мое, вели Господ, така ќе постои и потомството ваше и името ваше“ (Исаија 66,22).
„Но ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се всели правда“ (2. Петрово 3,13).
Откровението не завршува овде…
Со други зборови, сè што е наопаку во светот каков што е сега – ќе го снема. Како што е покажано во втората глава на Даниеловата книга, сè ќе биде искоренето, а животот ќе почне од почеток. Најдоброто од сè е што, благодарение на Исуса, и ние можеме да бидеме дел од тој нов живот. Божјата намера е сите ние да бидеме дел од тоа.
Единствено непознато ќе биде нашиот личен избор. Дали го бираме Него и ветувањето за вечен живот што ни го нуди Тој или бираме да одиме по некој свој пат?
Несомнено, ако минатото е најава за иднината, тогаш иднината е мрачна. Меѓутоа, важната вест за секој од нас гласи дека минатото не е пролог; тоа е сè друго само не е пролог. Иднината нема да биде слична на минатото, и му благодариме на Бога за тоа, кој ни вели:
„И тие живееја среќно до крајот.“ Дали воопшто сте се запрашале зошто овој вообичаен исказ што се наоѓа на самиот крај на приказните, особено во детските? Затоа што вечноста е врежана во нашата психа. Ние сакаме приказната убаво да заврши. Ние сакаме нашата приказна убаво да заврши. Копнееме по местото и времето кога веќе нема да ги има траумите ниту проблемите на овој живот.
Овој епски судир чиј дел сме и ние – големата борба – ќе заврши таму каде што сите наши копнежи ќе станат стварност. Тоа е она што ние навистина го сакаме.
Ова не е приказна за добра ноќ – ова е стварност. Сите Божји пророштва во минатото се исполниле, токму како што рекол Тој. Можеме да му ја довериме својата иднина.