5. Откријте ги симболите
Актен-чанта
Во април 1943 година, во текот на Втората светска војна, еден рибар открил тело на давеник близу крајбрежјето на Шпанија. Трупот бил облечен во мантил за дожд, униформа и чизми, со црна актен-чанта врзана за зглобот од едната рака. Во паричникот имал лична карта на име Вилијам Мартин, припадник на Британската кралска морнарица. Иако шпанските власти биле волни овој случај да им го предадат на Британците, тие тоа го одбиле. Побарале да им го предадат телото по регуларни канали. Тоа било чудна одлука, со оглед на тоа што наредните денови Британците на Шпанците им пратиле низа избезумени барања за актен-чантата на мајорот.
Во меѓувреме, Германците дознале за трупот на британскиот офицер со актен-чанта врзана за зглобот од раката, и со помош на свој симпатизер во шпанската влада успеале да дојдат до содржината на чантата, но така да не се забележи дека е отворана. Ги вчудовидело тоа што го нашле во неа! Тоа биле тајни планови кои им откриле дека англиската и американската војска планираат да го преминат Медитеранот од своите позиции во Северна Африка, и да ги нападнат Грција и Сардинија, што ги контролирале нацистите. Како одговор на тоа, Хитлер префрлил цела оклопна дивизија од Франција во Грција, со надеж дека ќе го запре нападот.
Меѓутоа, имало тука и еден мал проблем – подоцна, истата година, сојузничките трупи од Северна Африка навистина презеле напад, но наместо десанти на Грција и Сардинија, како што јасно покажувале плановите од актен-чантата на мајорот Мартин, тие ја нападнале Сицилија.
Што се случило?
Се утврдило дека „мајор Мартин“ е всушност душевно болен скитник, кој изел смртоносна доза отров за стаорци. Неговото тело, земено од лондонската мртовечница, Британците го облекле во униформа, му додале лажна лична карта и лажни воени планови во актен-чантата, а потоа го фрлиле в море со надеж дека ќе падне во германски раце, што и се случило. Верувајќи дека напишаното во актен-чантата е вистина, нацистите наседнале на она што се смета за најголема измама во современата воена историја.
Измама
Иако во овој случај лукавството донело нешто добро, измамата останува измама – средство за намерно прикривање лага, нагрната во нешто што личи на вистина достојна за доверба.
Како што веќе видовме, така и сатаната ги спроведува своите измами насекаде во светот, кој е во целост вклучен во епскиот судир на доброто и злото. Ние учествуваме во бунтот на една планета, во борбата меѓу доброто и злото. Тоа е единствениот поглед на светот кој им дава смисла на историјата и на нашиот денешен свет; тој едновремено ни дава и надеж во иднината.
Сатаната сака да го измами „сиот вселенски свет“. Со оглед на бескрајниот број различни ставови за животот, за Бога и смислата на човековата егзистенција – ставови кои се толку често меѓусебно противречни – многумина навистина се измамени. Најстрашно кај измамата е што ние не знаеме кога сме измамени!
Има ли животот смисла?
Така било и со несреќниот Мичел Хајсман кој извршил самоубиство на кампусот Харвард пред Меморијалната црква, додека во неа се прославувал еврејскиот празник Денот на помирување. Зад себе оставил 1905 страници проштална порака во вид на филозофско дело за смислата на животот. Делото вклучувало 1433 фусноти, дваесет страници библиографија, преку 1700 референци кон Бога и 200 референци кон изјавите на германскиот филозоф Фридрих Ниче.
Иако некогаш верувал во Бога, ја изгубил верата и заталкал во нихилизам, гледиште според кое нема одговор на прашањето за смислата на животот, затоа што смета дека животот нема ни духовна смисла ни крајна цел. Ние едноставно постоиме, случајно, во бесмислено опкружување. Затоа и животот ни е исто така бесмислен.
Кога настапуваат времиња на несреќа и страдање – особено кога се чини дека несреќата и страдањето немаат смисла – кој не се запрашал што ако навистина е така, ако сепак животот е бесмислен? Да се поверува во бесмислата е сепак полесно затоа што, во последните сто години, атеистичката еволуција без престан нагласувала извесни аспекти од животот, давајќи му така научни темели на нихилизмот.
Ваквото размислување го довело Мичел Хајсман до заклучок дека животот е сосема бесмислен – дека е една ужасна измама. „Секој збор, секоја мисла и секоја емоција“, пишувал, „извираат од еден основен проблем: животот е бесмислен. Нихилистот настојува да бара и да ги разоткрива секоја илузија и секој мит, каде и да го одведе тоа, што и да се случи, макар и тоа да го убие.“
Жртвениот систем
Сатаната е измамник кој го мами светот затоа што, како во случајот на Мичел, и погрешните идеи, ставови и учења имаат свои последици.
Една од неговите најголеми измами се однесува на Божјиот карактер. Немоќен да го убеди баш секој во тоа дека нема Бог, како што верувал Мичел Хајсман, сатаната направил најмногу што можел – наместо тоа, ги навел луѓето погрешно да го разберат Божјиот карактер.
Тој навистина и успеал многумина да измами, за да не сфатат каков е Бог, и тоа така што ја изопачил и унакажал смислата на жртвувањето. Иако системот на принесување жртви во Библијата е еден од најсликовитите и најпотресните показатели на Божјето самооткажување од љубовта, самата смисла на жртвите и жртвувањата е толку искривена што се стекнува впечаток и дека Бог е крвожеден и одмаздољубив насилник кој бара од луѓето со жртви да го одвратат неговиот гнев од себе.
На пример, во перуанскиот град Куск се наоѓаат урнатини на олтар на кој свештениците на древната религија на Инките жртвувале млади девојки на боговите. Каков бог би барал од родителите да им ги предадат своите ќерки на оние кои наумиле да ги искасапат? Ова е само една илустрација за тоа како првичната цел на жртвувањето – на човештвото да му открие што ќе направи сам Бог за нас, луѓето, – била стравотно изопачена, унакажувајќи ја претставата за Божјиот карактер.
Исусовата смрт
Наспроти тоа, библиското разбирање за жртвата и библиското учење за Божјиот карактер – сосем спротивно на сиве овие погрешни сфаќања – може да се збие во следните зборови кои говорат за Исус:
Овие неколку реченици не само што ја прикажуваат суштината на христијанството туку и суштината на библиската вистина, која гласи дека Бог, Создателот на вселената, себеси се принел на жртва за гревовите на овој свет. Тоа значи дека самиот Бог, во личноста на Исуса Христа, доброволно себеси се дал како жртва за гревовите – вашите и моите!
Некој еднаш прашал некој христијанин: „Објаснете ми со помалку од стотина зборови што учи вашата религија“. Тој му одговорил: „Мојата религија учи дека човечките суштества, на кои им е дадена морална слобода, биле непослушни спрема Божјиот закон, што го изложило овој свет на зло, грев и страдање. Сепак, наместо да ги казни човечките суштества за тоа зло, а таа казна би била вечна смрт, самиот Бог, Создателот на вселената, се симнал на Земјата, ја презел на себе човечката природа и во човечко тело ја платил казната за нашите гревови и зло така што ние самите никогаш не сме морале да ја платиме. Ете што значела Исусовата смрт на крстот: самиот Создател ја поднел казната за нашите гревови“.
Старозаветниот жртвен систем укажувал на смртта на Исус, Создателот – смрт поради нашите гревови.
Тој ги презема гревовите врз себе
Во Стариот завет постои еден настан, еден од многуте, кој ја илустрира оваа неверојатна вистина – дека жртвите во Библијата го симболизираат самиот Бог во личноста на Исус, Оној кој врз себе ќе ги преземе гревовите на човештвото.
За кратко време откако Израелците се изведени од Египет на чудесен начин, се побуниле против Бога, грешејќи и правејќи зло. Знаејќи дека за таквото изразито кршење на Божјата волја можат да бидат казнети, Мојсеј го моли Господа да им прости.
Неверојатен е глаголот што Мојсеј го употребил во тој текст, преведен како „прости“. Тој потекнува од хебрејскиот збор „nasa“, кој значи „носи, понесе“. Ова е највообичаената употреба на овој збор; меѓутоа, тој, исто така, значи и „прости“. Со други зборови, проштавањето е поврзано со гревот кој го поднесува или го носи некој друг. Поради тоа, еднакво исправно е оваа реченица да се преведе и како: „Но понеси го нивниот грев…“
Всушност, дали Мојсеј побарал сам Бог да ги понесе гревовите на тој народ? Да! И многу векови подоцна, Господ одговори на истото барање: Исус ги носеше тие гревови на крстот.
Зборувајќи за Исус, Библијата вели:
Овде Петар го парафразира текстот од 53. глава на старозаветната Книга на пророкот Исаија, каде е проречена Христовата смрт на крстот со векови пред да се случи. Исаија напишал за Христа:
И на двете места, хебрејскиот глагол што е преведен со нашиот облик „носи“ е „nasa“, што исто така значи „прости“.
Да, Бог го востановил жртвениот систем, но не од онаа погрешната причина која сатана му ја подметнал на овој свет, според која Бог е крвожеден тиранин кој бара жртви за да престане неговиот гнев спрема луѓето. Напротив, жртвите требало да им покажат на луѓето дека сам Бог, во личноста на Исус, на крајот ќе дојде и ќе ја плати казната за нашите гревови.
Светилиштето
Возвишената вистина дека Бог лично ќе дојде кај луѓето и ќе ја понесе казната за нивните гревови била предочена во стариот хебрејски жртвен систем. По излегувањето од Египет, Господ му рекол на Мојсеј:
„Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив“ (2. Мојсеева 25,8).
Ова Светилиште, во облик на шатор, кој можел да се расклопува и да се пренесува, во значајна мера одговарала на планот на подоцнежниот храм во Ерусалим, чии урнатини и денес може да се видат.
Меѓутоа, она што во овој текст се кажува, навистина нè восхитува. Бог Создателот им кажува на овие луѓе кои талкаат по пустината да направат една градба – Светилиште – „за да престојувам меѓу нив“.
Создателот на вселената бил волен да престојува меѓу луѓето!
Овие зборови се претслика, симбол на она што ќе го стори сам Исус: Тој ќе дојде да престојува меѓу нас!
Старогрчкиот глагол што го употребил евангелистот Јован, и кој кај нас е преведен со „се всели“, е изведен непосредно од зборот што е употребен за светилиштето во старогрчкиот превод на Стариот завет наречен Септуагинта. Со други зборови, Јован го споредува Божјето присуство во ова земско светилиште со присуството на Бога во Христа, кој така во тело се всели меѓу нас.
Што е тоа тумот?
Меѓутоа, тоа е само почеток. Едно е Бог да ги удостои луѓето со тоа што ќе престојува меѓу нив во некаква земска градба. Дури и тоа многу е тешко да се замисли. Секако, тоа место е извалкано и обесчестено од човечки грев. Имено, еднаш годишно се одржувала посебна служба преку која светилиштето морало да се исчисти од гревовите на луѓето. На Евреите тој ден им е познат како Ден на помирувањето. Зборувајќи за службата што ја извршувал тој ден првосвештеникот во светилиштето, Библијата кажува:
Нечистотии? Зар Божјото место за живеење, местото каде што престојува светиот и безгрешен Бог, да стане нечисто?
Како е можно тоа?
Еврејскиот збор за „нечисто“ е тумот – тој во разни облици се користи стотици пати во еврејската Библија, и многу често означува грешни дела со кои луѓето го кршат Божјиот закон.
Овде доаѓаме до главната порака на евангелието што ни го упатува жртвениот систем. Гревовите и злото на луѓето, кои ги правеле тумот – нечисти – биле внесени во овој Божји дом на крајот, кој со тоа и самиот станувал тумот. На некој начин, Светилиштето – Божјиот дом – на крајот ги носело гревовите и злото на луѓето, и на овој начин, и исклучиво по овој пат, гревовите на луѓето се и простени.
Токму системот на принесување животни за жртвување го прикажувал овој пренос на гревот. Кога човек ќе го увидел својот грев, тој во светилиштето ќе донесел животно за жртвување – јагне, јарец, овен или теле – признавајќи го својот грев над тоа животно, а тоа подразбирало пренесување на неговиот грев врз невиното животно. На тој начин, гревот на човекот се пренесувал од него врз невиното животно, кое било симбол на безгрешниот Исус. Животното ќе го убиеле, а неговата крв се пролевала пред олтарот, што ја симболизира Христовата крв пролеана на крстот за нас. Малку од месото на жртвуваното животно јадел свештеникот (3. Мојсеева 6,26), кој тогаш, излегувајќи пред Бога во светилиштето, симболично го преземал гревот на грешникот. Иако луѓето сами по себе, поради своите гревови, заслужувале смрт, наместо нив било убивано животно, што е симбол за Исусовата смрт. Секоја од тие поединечни жртви имала една основна цел – да му укажат на грешникот на замената која ќе умре наместо него.
Таа замена бил Исус, Бог во човечко тело.
Кога Исус ја отпочнал својата служба, Јован Крстител укажал на него велејќи:
Јагнето јасно укажувало на жртвената служба. Јован ја употребил оваа слика за да укаже на сето она што на крајот ќе доведе до смртта на Исуса Христа, кој на крстот ќе ги понесе гревовите на светот, што било сè симболички претставено преку службата во светилиштето. Невиното животно би умрело наместо виновниот грешник, а неговата крв би ја внеле во Светињата (првото одделение на светилиштето), Божјето престојувалиште на Земјата, кое со тоа ќе се исполни „од нечистотиите на синовите израелски и нивните престапи во сите нивни гревови“ (3. Мојсеева 16,16).
Затоа Библијата вели за Исус:
Ова споредување дури е повпечатливо поради фактот што сам Исус се довел во врска со светилиштето – односно со самиот храм.
Да, целокупната служба во светилиштето и нејзините учесници, од свештенството, животните и нивната смрт, преку градбата на светилиштето до неговиот мебел и прибор, биле симболи, слики, дури и пророштва за она што Исус, Бог во тело, ќе го направи за човечкиот род.
Божјиот карактер
Бог го поставил жртвениот систем за да им укаже на луѓето два факта. Прво, дека гревот има своја цена; второ, дека таа цена ќе ја плати лично Тој. Жртвениот систем требало да му открие на светот каков е Бог. Требало да покаже, иако луѓето грешеле и правеле зло, дека Бог ќе им прости, но само затоа што има желба да ја прифати замената која ќе ја плати казната за тој грев и тоа зло.
Тој лично бил таа Замена!
Сите ние грешиме. Библијата во тој поглед е јасна. Всушност, кому му е потребна Библијата за да ја дознае таа вистина? Тоа го гледаме насекаде околу нас, како што го гледаме и во нас самите.
Исто така, Библијата учи дека гревот е отфрлање и кршење на Божјиот закон.
Добрата вест на евангелието, откриена со жртвениот систем, е: иако сме грешни, иако сме го прекршиле Божјиот закон, не мораме лично да ја платиме казната за тоа. Ако тоа не е добра вест, тогаш што е?
„Замената за престапниците на законот“, напишал британскиот теолог Џон Стот, „не е никој друг, туку Законодавецот лично.“
Илјадници години, за жал, целата идеја за жртвата, чија задача била да го открие Божјето самооткажување од љубов, е претворана во нешто што Бога го прикажува во лоша светлина. Често жртвата е претставувана како средство за ублажување на Божјиот гнев, небаре луѓето мораат да ги убиваат сопствените деца за да се оправдаат себеси пред Бога.
Каква измама! Ние со никакви посебни дела не можеме да се очистиме пред Бога, а најмалку со убивање на сопствените деца или убивајќи кого било друг, дури и невини животни. Сатаната успешно ја извитоперил прекрасната вистина за Бога и ја претворил во наказна лага за него.
Правата вистина е дека, иако сме грешници, стануваме праведни пред Бога само поради Исуса и неговата смрт заради нас. Преку верата во него, ние неговата смрт ја доживуваме како своја. Таа смрт е откриена во еврејскиот жртвен систем – систем кој би требало да ни покаже не само што би можеле ние да направиме за да се спасиме себеси туку, наместо тоа, што ќе направи Бог да нè спаси од нас самите.
Прочитајте го одново овој стих – но наместо кон нас и за нас ставете мене.
Ете што е љубовта. Токму таа вистина се наоѓа во средиштето на големата борба меѓу Христа и сатаната.
Каков е Бог? Погледнете уште еднаш на крстот!