26. Откријте ја припадноста
Заедница
Во филмот „Бродоломец“, Том Хенкс глуми човек што се нашол на пуст остров. Неговото страдање поради самотијата станува толку големо што ја зема топката за одбојка што ја нашол по авионската несреќа, црта лик на неа, ја нарекува Вилсон, и почнува да разговара со неа. Вилсон му станува пријател. Во една особено впечатлива сцена во тек на бура, топката ја позема бран и ја оттргнува од него, додека тој вреска во очајнички обид да ја дофати: „Вилсон! Вилсон!“
Суштината на овој филм е во тоа што, покрај сите откажувања што ги искусил, овој човек најтешко ја поднел осаменоста. Тоа е затоа што ние луѓето сме
создадени за друштво, создадени сме да се дружиме со други луѓе.
Сево ова упатува на еден од најзначајните видови на христијанската вера – на суштината на христијанството – а тоа е заедница на луѓе чие средиште и темел е односот со Бога.
Потпора
Овој концепт на заедница и нашата потреба за друштво станува, како што ќе видиме, посебно значајна во следниов текст:
Пред сè, во текстот да ја уочиме темата на големата борба, а потоа да го уочиме и неговиот контекст – Откровение 12,7-9. Тој говори за почетокот на војната на Небото.
Овие стихови ја откриваат стварноста на космичкиот судир кој започнал на Небото и преминал на Земјата – борба во која учествуваме сите, борба во која сите добиваме удари и модринки, зар не?
Сатаната овде е наречен „змев […] старата змија“ – за него се вели дека „се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино“ (Откровение 12,17).
Во стихот постојат неколку елементи – сатаната, жената и нејзиното семе, поточно, остатокот од нејзиното семе. Иако се дел од описите на последните денови на големата борба на Земјата, овие слики нè враќаат на почетокот на овој судир, сè до Едем.
Ева, која била измамена од „старата змија“, паднала во грев, а Адам ја следел. Господ потоа ѝ рекол на змијата, на сатаната:
Значи, овде, на почетокот на земската епопеја, ги наоѓаме истите елементи – сатаната-змија, жената и нејзиното потомство – кои ги среќаваме и во Откровение 12,17, на крајот на борбата. Овие стихови ја обележуваат почетната и завршната точка на големата борба, или барем оној нејзин дел кој се одвива овде на Земјата, во животот на секој од нас, нашите лични драми.
Откровение 12 глава
Така големата борба сè уште беснее уште од Едем, па до крајот на времето. Во Откровение 12 пишува дека „жената“ т.е. црквата ја прогонува сатаната, а што сè се случувало во текот на долгите векови прогонство проучувавме во претходните лекции.
Меѓутоа, Откровение 12,17 се сосредоточува на остатокот од семето нејзино. Остаток е преостанат дел од почетна целина. Се однесува на жената, Божјиот народ, црквата. Така Божјиот народ на крајот од оваа епска приказна ќе учествува во борбата со змевот, со сатаната лично.
Кој е, тогаш, овој остаток?
Клучниот фактор може да се препознае во контекстот на оваа глава. Откровение 12 ги содржи клучните настани во оваа голема борба, иако не задолжително и по хронолошки редослед.
Прво, почнала војна на Небото, поради што сатаната и неговите ангели биле фрлени на Земјата (да се види Откровение 12,7-9).
Потоа, жената раѓа бебе, очигледно Христос (Откровение 12,5), кое е родено на Земјата, на која веќе порано ламјата-сатаната бил отфрлен од Небото, подготвен „да го проголта детето нејзино“ (Откровение 12,4). Да се види и 2. глава од Евангелието според Матеј.
Потоа ламјата ја напаѓа жената:
Поради овој прогон жената – Божјата црква – опишана е како два пати бега во пустината:
По бегството на оваа жена во пустината, се претставува и остатокот:
Така Откровение 12 ни го открива следново:
- Бунтот на сатаната на Небото и неговото отфрлање на Земјата.
- Неговиот неуспешен обид да го уништи Христа.
- Нападот на сатаната врз Христовата црква по тоа.
- 1260 денови (години) прогонство на црквата.
- Сатаната води војна со остатокот на семето на жената, со оние кои „ги пазат
Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исус Христос“ (Откровение 12,17).
Карактеристиките на остатокот
Сега можеме одблизу да го проучиме овој остаток.
Првата негова карактеристика е дека се појавува по периодот кога жената е протерана во пустина, по илјада двесте шеесет денови (исто што и едно време, две времиња и половина време), за што веќе видовме во едно претходно проучување дека тоа е период на папското прогонство кое завршило во 1798 година.
Значи, првата карактеристика на овој остаток е дека се појавува по 1798 година.
Следната карактеристика на остатокот е што ги „држи заповедите Божји“. Ова значи дека овие луѓе ги почитуваат Десетте заповеди, Божјиот закон – сите нив. Се сеќавате ли на ова?
Така остатокот ќе биде заедницата која ги почитува заповедите, што го вклучува и седмиот ден, саботата.
Исто така, остатокот му ги носи на светот пораките на тројцата ангели од Откровение 14 – пораки со јасни описи на случувањата во последните денови. Наспроти оние кои го примаат жигот на ѕверот, Божјиот народ – во суштина, остатокот на семето на жената – е опишан вака:
Понатаму, поврзувајќи го овој стих со Откровение 12,17, можеме да видиме дека наредната карактеристика на остатокот е верата во Исус. Што и да значи тоа, ова е христоцентрична група верници чија вера почива на Христа и Неговото спасение. Тие живеат со вера – верата Исусова – верувајќи во Библијата и во Господа кого таа го објавува, како што правел Исус.
Сведоштвото на Исуса Христа
Следната карактеристика на овој остаток е опишана во Откровение 12,17:
Сведоштвото на Исуса Христа? Што е тоа? Откровението подоцна го дава толкувањето:
Што е Духот на пророштвото ако не е пројава на пророчки дар – дарот на пророштвото – за што учи Новиот завет?
Според другото пророштво – се гледа дека пророчкиот дар се манифестира во овој остаток.
А пророк?
Ова тешко се сфаќа. Од сите пророци – Мојсеј, Давид и Исаија, да наброиме само неколкумина – нема поголем од Јован?
Во контекст на она што го зборуваме, која е клучната разлика меѓу сиве овие пророци и Јован?
За разлика од другите пророци, во Библијата нема списи на Јован Крстител, а тој сепак не се смета само за пророк, туку и за најголем пророк.
Пораката е едноставна: човек не мора да биде библиски писател за да има пророчки дар. Како што покажуваат и другите новозаветни текстови, во црквата ќе се покаже дарот на пророштвото. Според Откровение 12,17 и 19,10, ова е едно од обележјата на останатото семе нејзино.
Поради овие и многу други причини, милиони луѓе во сиот свет веруваат дека овој дар се покажал во животот и списите на Елена Г. Вајт (1827-1915), најпреведуваната писателка на светот. Нејзините списи, кои опфаќаат период од околу 70 години, влијаеле и сè уште имаат влијание врз луѓето на целата Земјина топка. Нејзините списи се полни со совети, упатства и укори кои помогнале за воспоставување цркви, болници и училишта речиси на секој континент. Нејзината работа претставува навистина извонредно дело,особено за жена која никогаш не завршила трето одделение. Нејзините списи сведочат за својата автентичност, како и за Духот кој ги вдахнал.
Што е единствениот авторитативен извор на сите нејзини списи? Секако, Библијата – и само Библијата. Секое учење се заснова на Речта Божја и на ништо друго. Покрај сите разновидни намени на духот на пророштвото и пророчкиот дар, тој дар останува подреден на учењата на Библијата. Последната порака на Елена Вајт упатена до црквата била: „Ви ја препорачувам оваа книга“ – а в рака ја држела Библијата.
Овие лекции – кои ја почитуваат Библијата како единствен темел на сиве овде претставени учења – имаат цел јасно да го истакнат таквиот однос спрема неа
Другите од нејзиното семе
Врз основа на сево ова, сметаме дека во другите од нејзиното семе најдобро се вклопува заедницата на Христијанската адвентистичка црква.
Пред сè, Христијанската адвентистичка црква настанала во средината на 1800-тите години, односно, по пророчкиот период опишан во Откровение 12 глава.
Второ, Христијанската адвентистичка црква ги држи заповедите Божји, вклучувајќи ја и четвртата.
Трето, Христијанската адвентистичка црква е христоцентрична, сосредоточена на верата Исусова, што значи дека таа учи дека спасението се добива само со вера и тоа со вера во Христовата праведност.
И конечно, иако многу луѓе надвор од Адвентистичката црква ги читаат делата на Елена Вајт и уживаат во благословите кои ги донела нејзината служба, нејзиниот живот и работа проникнале во контекстот на самата Христијанска адвентистичка црква. Затоа таа црква со право може да го истакне духот на пророштвото како едно од своите обележја.
Меѓутоа, овие тврдења не значат дека само адвентистите ќе бидат спасени. Тоа никогаш не било официјален став на Христијанската адвентистичка црква. Тоа само значи дека сега, како и низ целата историја на спасението, Бог има заедница од луѓе – често наречена остаток – која е благословена со вистината која светот во даденото поколение треба да ја чуе. Во наше време, непосредно пред второто Исусово доаѓање, оваа вистина ја сочинуваат трите ангелски вести од Откровение 14, кое единствено Христијанската адвентистичка црква – присутна во повеќе земји отколку која било друга протестантска деноминација – ги проповеда „на секое племе и колено, јазик и народ“ (Откровение 14,6).
Како и раната христијанска црква, и оваа има мисија – да го носи Евангелието на овој свет.
Откровение 14,6-12 ја опишува средината во која се проповеда Евангелието во последните денови.
Заедница
Секако, дури и ако го прифатиме постоењето на црквата на остатокот, а веруваме дека Христијанската адвентистичка црква се вклопува во тој опис, останува фактот дека многумина, разбирливо, не сакаат организирана религија.
Што им одговара на таквите? Неорганизирана религија? Денешниот западен свет се карактеризира со индивидуалност. Оваа индивидуалност се забележува во многу нешта, а особено во стравот од приврзаност кон нешто. Меѓутоа, бегањето од припадност во име на желбата за слобода претставува илузија. Токму овој проблем е во средиштето на овој целокупен епски судир. Не заборавајте дека го покренал Луцифер велејќи: „Ќе се изедначам со Вишниот“. Тој сакал да се ослободи од Божјите ограничувања – а за да го постигне тоа, се посветил на остварување на своите лични цели. Исто така е и денес. Во Божјиот свет, во кој владее вистинска слобода, постои длабока приврзаност на Бога, на оној што Тој вели и што Тој прави.
Невозможно е да се негира фактот дека замислата за црква – заедница на верници поврзани со чувства на заемна љубов и заедничка цел и мисија – е длабоко библиска. Може дури да се каже дека организирана религија е само друго име за библискиот концепт за црква како друштво на повиканите од друштвото – што претставува и значењето на грчкиот збор за црква; оваа идеја е во средиштето на библиската вера.
Бог ја повикал црквата да Го претставува, да биде заедница која му служи верно следејќи Го и помагајќи им на другите. Кон ова се стреми Христијанската адвентистичка црква – на свој несовршен начин, како и сите други цркви. Како резултат на тоа се: глобална мрежа на училишта, болници и хуманитарни организации.
Во оваа голема борба сите добиваме силни удари. Кој меѓу нас може тоа сам да го издржи? Кој од нас има сè што му е потребно? Сите ние имаме силни и слаби точки, и сите ние имаме дарови во некои области, а недостатоци во други.
Бог тоа го знае. Тој знае дека сме си потребни едни на други. Нашите животи се полни со немир. Искрснуваат проблеми, се јавуваат потреби, настапуваат кризи кои не можеме секогаш сами да ги надминеме. Понекогаш, едноставно не знаеме на која страна да се свртиме или каде да побараме помош.
Сепак, кога сте дел од заедница, од грижлива заедница на оние кои веруваат како и вие, во неа можете да најдете помош. И не само тоа, туку, ако сте дел од заедница верници – црква, можете и да им помагате на другите. Црквата не е само место каде одиме за да добиеме нешто. Напротив, црквата е место на кое одиме за нешто да дадеме. Многу често се покажува, како што знае секој кој некогаш ја искусил предноста на несебичното давање – дека колку повеќе давате, толку повеќе ви се враќа.
Во ова е суштината на новозаветното поимање на црквата. Апостол Павле црквата ја споредува со тело чии различни делови не можат добро да работат без другите делови. Тоа не значи само дека нам ни се потребни другите луѓе, туку дека и ние сме им потребни ним. Ова е идеалот кон кој се стреми христијанска црква:
Кој меѓу нас, сред стравотиите и искушенијата на големата борба, не чувствува повремена потреба некој да се грижи за него на овој или оној начин? Што е уште поважно, кој меѓу нас нема потреба, на овој или оној начин, да се грижи за други?
Црквата – заедницата – претставува од Бога определено место и за едното и за другото. Тој нè повикува да станеме дел од таква заедница – за наше добро и за доброто на оние на кои ние можеме да им бидеме на благослов.
Бог ја сака црквата (да се види Ефесјаните 5,25). Тој може да ги сака со љубовта која другите луѓе ја отфрлиле. Тие на Исуса му рекле ДА. Една од сликите на Неговата црква, кои се повторуваат во Библијата, ја претставува како Негова невеста. Не е ли тоа романтично? Откако односот очи в очи меѓу Бога и Неговата црква која ја сочинувале Адам и Ева е прекинат со бунт, Бог желно чекал да се врати и повторно да се сретне очи в очи со својата невеста.
Кога Исус повторно ќе дојде, кога ќе заврши борбата која го обележува нашето време, еве што се случува потоа:
Пријатели, се наближува времето на вечера! Тој го приготвил местото за својата невеста – за нас (Јован 14,1-3), и свадбениот појадок е подготвен. Повикани сте и вие.
Ова е лична покана упатена до вас. Каква ли свеченост ќе биде тоа кога, заедно со спасените од сите времиња, ќе се сретнеме лице в лице со Христа во Неговото царство!
Јас го прифатив Исуса како свој личен Спасител. Со Неговата благодат ќе стигнам таму. Имав чест со вас да ја проучувам Божјата Реч. Веројатно нема да се сретнеме на оваа Земја, но се радувам на нашата средба на таа свадбена вечера. Можеби ова што го проучувавме ќе придонесе вашиот живот да добие смисла и да Го прифатите Христа.
Навистина, кога ќе согледаме сè, не постои ништо повредно на оваа Земја за што би вредело да се живее!
Бог нека ве благослови.
Клифорд Голдштајн, писател на библискиот курс „Потрага“