20. Откријте ги светските сили
Радосна вест
Речено е дека изборната трка за следниот претседател започнува ден по завршувањето на претходните избори. Само еден може да биде победник. Во космичката епопеја што ја набљудуваме, само една страна излегува како победник. Радосната вест гласи дека доброто победува!
Како завршува оваа борба?
Конечна пресметка
На планетата Земја ќе дојде до конечна пресметка, врв на борбата на крајот од времето, од која само еден ќе излезе како победник. Христос победува, сатаната е победен, а оние кои се откупени со Исусовата крв учествуваат во плодовите на неговата победа. Всушност, исходот е осигуран на крстот. Битката за нас се состои само во тоа да избереме на чија страна сакаме да бидеме во таа конечна пресметка – на страната на победникот или на поразениот.
Да, сатаната води војни на Земјата откако е исфрлен од Небото. Книгата Откровение – често на изразито симболички начин, најчесто непосредно преземен од Стариот завет – ги опишува разните видови на неговото војување против Бога и човештвото. Сега сакаме да го разгледаме конечниот напор што го презема во својата разјареност пред Исусовото второ доаѓање.
Затоа ќе почнеме со 13. глава на Откровение, книга полна со симболички ѕверови. Ѕверовите во Библијата често се симболи на политички и воени сили и царства. Тоа го видовме во 7. глава на Даниел, на кое ќе му се навратиме.
Тринаесеттата глава од Откровение почнува со описот на моќна богохулна сила – која коментаторите често ја нарекуваат Антихрист; во 13. лекција видовме дека тој поим не значи нужно „против Христа“, туку може да значи и „наместо Христа“.
Што претставува оваа сила?
Ѕверот од Даниел 7
Интересно е да се забележи, колку и да е чуден овој симболичен ѕвер, дека со него веќе донекаде се сретнавме. Во 7. глава на Даниел, која ја проучувавме во 13. лекција (за промената на саботата), пророкот сонувал сон во кој видел како четири ѕверови излегуваат од морето – ѕверови кои претставуваат четири големи царства, симболички претставени со своите цареви. Исто така, видовме дека тоа биле истите четири царства кои се појавуваат во 2. глава на Даниел. Еве збиен приказ на овие четири царства во Даниел 7,4-7.
Првиот ѕвер беше лав со крилја како орел – тој го претставува Вавилон.
Вториот ѕвер беше мечка која поткривнува на една страна – таа ја претставува Медо-Персија.
Третиот ѕвер беше рис кој има четири крилја и четири глави – тој го претставува царството на Александар Македонски.
Четвртиот ѕвер беше многу страшен и многу силен, кој има големи железни заби и десет рогови – тоа беше Рим.
Оваа визија во поголем дел се занимава со четвртата сила – со Рим – најпрво прикажан во својата паганска фаза, а потоа нагласокот е префрлен на папската фаза. (Би било корисно да се погледне повторно третата лекција.)
Даниеловото внимание го привлекуваат десетте рогови на четвртиот ѕвер:
Папството во пророштвото
Воочете ја сличноста меѓу „хибридниот“ ѕвер од 13. глева во Откровение и оној што се појавува во 7. глава на Даниел. Овој ѕвер од 13. глава на Откровението има карактеристики на лав, рис и мечка – што се симболи на три од четирите ѕверови од 7. глава на Даниел. Хибридниот ѕвер од Откровение 13. глава има десет рогови, како четвртиот ѕвер од 7. глава на Даниел. Така веднаш гледаме дека 13. глава од Откровение укажува на 7. глава на Даниел и згора го проширува – исто како што 7. глава на Даниел е заснована на 2. глава на Даниел, само што уште повеќе го проширува.
Така ние овде гледаме уште еден опис на папството – силата која го сменила Божјиот закон со замената на седмиот ден – сабота – со недела, ден кој нема библиски авторитет.
Тоа сè уште не е сè. Хибридниот ѕвер од 13. глава од Откровение е богохулна сила, која говори дрски и хулни зборови (Откровение 13,5) – што одговара на описот на малиот рог, последната фаза на четвртиот ѕвер од Даниел 7, за кого исто така е речено:
Ќе зборува против Севишниот; дрски, богохулни зборови?
Иако би можеле да наведеме бескрајна низа примери, некои од најновите ги наоѓаме во новиот Катихизис на Католичката црква, првиот катихизис објавен од средниот век.
На пример, во Евангелијата, откако го исцелил сакатиот, Исус му го кажал следново:
Погледнете што се случило понатаму.
Имале право. Кој човек може да прости нечиј грев? Ниту еден – само Бог. Секако, како што видовме, Исус бил Бог, така што можел да прости грев.
Забележете го следниов цитат од официјалниот Катихизис на Католичката црква:
Кој Црквата не може да го прости?
Разгледајте го и овој цитат:
Црквата простува гревови? Тешко. Тоа проштавање може да дојде единствено и само од Бога лично, без потреба од каква било земска институција како посредник. Со внимателен поглед на институцијата на самото папство покажува дека целата таа структура е изградена околу идејата дека спасението, кое му се нуди на секое човечко суштество преку Исуса Христа, луѓето го добиваат посредно, преку самата установа на Римокатоличката црква – таа идеја е богохулна во својата суштина, затоа што Црквата, практично, ја поставува наместо Бога.
Ова се само неколку од бројните примери како установата на папството, во текот на долгите векови, се стремела да ја узурпира улогата која му припаѓа само на Бога. Присетете се дека Антихрист значи и „наместо Христа“. Затоа и во 7. глава на Даниел и во 13. глава на Откровение ќе најдеме опис на оваа богохулна сила.
Прогонство
Следната заедничка особина на малиот рог од 7. глава на Даниел и хибридниот ѕвер од Откровение 13. глава е прогонството. Обете сили ги прогонувале светите – Божјиот верен народ. Во 7. глава на Даниел е речено дека светите се предадени во неговите раце за период од три и пол години, односно во некои преводи за едно време, две времиња и половина време (Даниел 7,25). Во Откровение 13, една историска фаза од постоењето на ѕверот е опишана вака: „Нему му се даде уста што зборуваше големи зборови и богохулства; и му се даде власт така да прави четириесет и два месеци“ (Откровение 13,5). Овие стихови и понатаму ги опишуваат неговите активности, вклучувајќи го и тоа дека „му се даде да војува против светиите и да ги победи; му се даде власт над секое колено, јазик и народ“ (Откровение 13,7).
Погледнете во дополнителниот материјал за временскиот аспект на ова пророштво за три и пол времиња (години), 42 месеци или 1260 денови од 7. глава на Даниел и 13. глава на Откровение.
Сите овие стихови заедно покажуваат дека прогонството на светите се случува во текот на идентичниот временски период. Овие свети – Божјиот верен народ – често во Библијата се прикажани со симболот на жена (видете Еремија 6,2 и 2. Коринќаните 11,2).
Рана
Како што видовме, 13. глава на Откровението започнува со описот на моќта на хибридниот ѕвер, а се темели на пророштвото од 7. глава на Даниел, кој го симболизира папскиот Рим. Што друго би можел тој да претставува? Седмата глава на Даниел ги претстави четирите големи царства – Вавилон, Медо-Персија, царството на Александар Македонски и Рим. Рим е последната сила која ќе постои пред судењето на Небото, кое води кон воспоставување на Божјето вечно царство (види Даниел 7,23-27). Паганскиот Рим веќе одамна го нема, но папскиот Рим – силата на малиот рог (последната фаза од тој четврти ѕвер) – постои и денес. На крајот на краиштата, која е таа сила, ако не Рим, што настанала по древна Грција и сè уште постои? Како што можеме да видиме, многу карактеристики на силата на тој мал рог се повторуваат во описот на оваа апокалиптична сила во Откровение 13.
Нема сомнеж дека станува збор за папството.
Уште повеќе, многу толкувачи на Библијата за почеток го земаат датумот 538 г. пред Христа, кога Римската црква преку декретот на цар Јустинијан ја осигурала и политичката и верската превласт на Западот. А тогаш, 1260 години подоцна, во 1798 година, францускиот генерал Бертие влегол во Рим и го заробил папата. Имало проучувачи на Библијата, дури и пред 1798 година, кои предвиделе дека во Рим во тоа време ќе се случи нешто драстично. Иако тогаш самото папство не доживеало крај, тоа секако е крај на 1260-те години, во текот на кои светите ќе бидат предадени во негови раце (Даниел 7,25; в. и Откровение 13,7).
По описот на ѕверот во Откровение 13,1-2, се додава уште еден елемент. Многу проучувачи на Библијата веруваат да тоа е непосредна алузија на заробеништвото на папата во 1798. година, со кое се завршуваат 1260 години, посебниот период на прогонство на Божјиот народ. Откровение 13,3 кажува:
Со други зборови, иако на тој ѕвер му се случило нешто ужасно, смртоносната рана која требало да ја усмрти – впрочем, што друго значи „смртна рана“ – исцелена е, а ѕверската сила оживеала. Иако папството имало свои подеми и падови од 1798 година, тешко е да се замисли – поради неговиот углед во многу делови на светот – дека повторно ќе се случи нешто слично на она што се случило во 1798 година.
Суштината е во тоа што прогонството завршило по 1260 години, но иако самиот Рим тогаш е смртно ранет, денешниот Рим обновил голем дел од својот углед и има огромно влијание преку милиони и милиони верни членови низ целиот свет. Исто така, постои општо уверување дека, во спрега со САД, папството го изрежирало распаѓањето на европскиот комунистички блок.
Затоа тоа во пророштвото е прикажано како ѕверот од Откровение 13. глава.
Вториот ѕвер
Во текот на Втората светска војна, на предлог на Черчил кон сојузниците да се приклучи и папата, уследил познатиот одговор на Сталин: „Колку дивизии има папата?“
Колку и да бил циничен, овој одговор го покренува значајното прашање во поглед на ова пророштво. Без оглед на големото влијание, како е можно Рим да стекне толкава моќ и на целиот свет да му го наметне злогласниот жиг на ѕвер?
Прашањето е на место. Еве го веднаш и одговорот.
Откровение 13,1-10 го опишува првиот ѕвер – папството.
Бидејќи го определивме идентитетот на папската сила во Откровение 13,1-10, следните стихови говорат за јакнење на уште една голема сила со глобално влијание – но само во контекст на папството, таа светска религиска и политичка сила, која ѝ претходи и во пророштвото и во историјата. Стиховите, кои го опишуваат папството, завршуваат укажувајќи на раната што ја здобило во 1798 година:
Погледнете што следува веднаш по тоа:
Овде треба да се разгледаат неколку факти:
Прво, оваа втора сила е прикажана како „излегува“ веднаш по споменувањето на раните на првиот ѕвер во 1798 година. Затоа е логично да се претпостави дека вториот ѕвер ќе се појави во тоа време.
Второ, овој втор ѕвер гледаме како „излегува од земја“. Во Даниел 7, ѕверовите се прикажани како излегуваат од големото море (Даниел 7,2). Во меѓувреме, Откровение 17,15 кажува:
Многуброен народ во Библијата често е претставен како море, река, буица или поплава. Фактот дека овој ѕвер излегува од земја, а не од вода како другите ѕверови, треба да нè наведе на мислата дека тој настанува во релативно ненаселена област, наспроти оној дел од светот каде што настанале претходните царства.
Трето, овој народ има два рога како јагне. Јагнето, за разлика од животните од кои е сочинет другиот хибриден ѕвер – рис, лав и мечка – симболизира нешто нежно. Вториот ѕвер има два такви рога. Роговите во Библијата често симболизираат моќ, но за разлика од роговите на трите ѕвера, кои на себе имале и круни (Откровение 13,1), што навестува монархии, овој ѕвер нема ниедна. Тој претставува друг вид владеење.
Четврто, вториот ѕвер требало да биде главна светска сила – суперсила – поради она што го прави. Погледнете:
Единствено најмоќниот народ на Земјата, барем во смисла на воената сила и влијанието врз целиот свет, ќе биде во состојба да го направи она што го предвидува ова пророштво.
Само еден народ
Која сила се вклопува во овој опис? Само една – Соединетите Американски Држави.
Прво, тие се создаваат како независна нација во 1788 година, бидејќи тогашните сојузни држави го ратификувале нејзиниот Устав – само 10 години пред 1798 година.
Второ, за разлика од другите ѕверови-сили, таа настанува во релативно ненаселена област, често нарекувана Новиот свет.
Трето, особините со кои личи на јагне, наспроти круните на претходните народи, претставуваат нов вид владеење – со благи обележја. Дури и со своите мани, САД во поголем дел од историјата за овој свет претставувале голема надеж, дури и пример за верска и политичка слобода.
Конечно, САД и понатаму се далеку најмоќната политичка, воена и економска сила – единствен народ кој може да го принуди овој свет да се поклонува на силата на првиот ѕвер.
Интересно е да се забележи дека во почетокот на 19. век, кога САД ни одблизу не личеле на „меганација“ каква ќе стане подоцна, многу проучувачи на Библијата во неа ќе го препознаат вториот ѕвер – со други зборови, во времето кога Американците сè уште војувале со автохтоните жители на Америка, при што не победувале секогаш!
Меѓутоа, сега доаѓаме до уште една особина на овој втор ѕвер. Иако тој на почетокот има два рога „како кај јагнето“, што се случува понатаму? За жал, тој ќе проговори како ламја, а тогаш ќе го присили сиот свет да се клања на првиот ѕвер. Со други зборови, иако во Библијата не ни е речено како ќе се случи тоа, нешто ќе доведе до тоа Соединетите Држави, од светилник на верска слобода, што отсекогаш биле, да станат главен двигател на верско прогонство во сиот свет!
Говорејќи за силата на овој ѕвер, Откровението вели:
Секако, ќе дојде до големи промени. Меѓутоа, како што знаеме многу добро, ние живееме во свет во кој сè може да се промени преку ноќ – и тоа не на добро, како што видовме кога станува збор за Америка и за жигот на ѕверот.
Значи, Бог во 13. глава на Откровение открил дека во завршните фази на оваа планетарна епопеја ќе постојат два моќни чинители кои заеднички ќе доведат до конечното соочување на вистината и лагата.
Восхитува фактот што овие две моќни сили – кои ги именувавме пред малку – денеска се значајни играчи на глобално поле.
Што ќе се случува понатаму и како Бог ќе одговори? На овие прашања одговара следната лекција.