19. Откријте го пророштвото за 2300 денови
2300 денови
Во 19. век, рускиот писател Фјодор Достоевски осмислил книжевен лик кој наумил да истражи зошто луѓето веќе не се убиваат.
Зошто НЕ се убиваат?
Да, зашто тој лик увидел дека сè повеќе луѓето го отфрлуваат Божјото постоење или Небото или кој било вид на конечен суд на кој секоја неправда сторена на Земјата на крајот ќе биде казнета. Според тоа, бидејќи луѓето живеат толку беден, толку напорен живот, кој не нуди ништо повеќе од кратко и често болно грчење на клеточниот метаболизам – овој лик се прашувал зошто луѓето воопшто се мачат и зошто не си ги скратат маките во истиот миг.
Секако, ние во овие проучувања животот го согледавме од сосем друг агол – од библиското гледиште, кое, меѓу другото, покажува не само дека Бог постои, туку и дека правдата ќе биде задоволена. Ќе има суд. Тоа е радосната вест!
Всушност, ние веќе видовме дека Библијата учи за разните фази на овој суд кои ќе се одвиваат во последните денови од историјата на Земјата. Во 17. лекција, на пример, ја видовме општата рамка во која ќе се одвива судењето на Небото, судење кое му претходи на второто Исусово доаѓање, судење кое е јасно наклонето кон Божјиот народ. Во овој додаток, ние ова судење ќе го разгледаме подетално зашто ни помага да сфатиме, како личности кои веруваат во Исуса Христа, како да бидеме сосема сигурни во спасението.
Паралелни пророштва
Во претходните лекции видовме дека 2., 7. и 8. глава од Книгата на пророкот Даниел содржат долгорочни временски пророштва кои го покажуваат опсегот на светската историја од времето на древниот Вавилон, па сè до крајот на овој свет.
Она што следува е резиме на сè што откривме.
Даниел 2. глава |
Даниел 7. глава |
Даниел 8. глава |
Вавилон |
Вавилон |
|
Медо-Персија |
Медо-Персија |
Медо-Персија |
Царството на Александар Македонски |
Царството на Александар Македонски |
Царството на Александар Македонски |
Рим |
Рим (пагански/папски) |
Рим |
Судење на Небото |
Светињата е очистена |
|
Божјото вечно царство |
Божјото вечно царство |
Божјото вечно царство |
Во 17. лекција видовме дека сцената на судењето од 7. глава на Даниел е исто што и чистењето на Светињата во 8. глава. Меѓутоа, 8. глава на Даниел го воведува клучниот дел на Светињата, за која проучувавме во 5. лекција. Видовме дека Светињата била симболичка претстава за целокупниот план на спасението. Жртвувањето на животните и службата на свештенството ја симболизираат Исусовата работа, не само како наша Жртва, туку и како наш Првосвештеник во Светињата на Небото.
Меѓутоа, фасцинантно е тоа што во Даниел 8 ни е дадено одредено временско пророштво во врска со почетокот на ова судење. Како што покажува горенаведеното резиме, Даниел 8 зборува за Медо-Персија, царството на Александар Македонски, Рим – и паганскиот и папскиот, а тогаш почнува чистењето на Светињата, кое е опишано во Даниел 8,14:
Така ни е дадена временската рамка за ова чистење на Светињата.
Кога завршуваат тие 2300 денови? На кој датум? И што ни значи тоа нам денес?
Непотполно објаснување
По сонот од 2. глава на Даниел следува целосно објаснување на тој сон. По визијата од 7. глава на Даниел следува целосното објаснување. Осмата глава на Даниел исто така е визија, но дадено е само делумно објаснување. Осмата глава на Даниел завршува со зборовите на пророкот дека не разбира дел од визијата што му е покажана. Тој дел не е објаснет, за разлика од остатокот на оваа визија.
Од четирите елементи од визијата во 8. глава на Даниел – овен, јарец, мал рог и исчистена Светиња – не е објаснет само делот за чистењето на Светињата – видение [визија] за ноќите и деновите.
Според тоа, Даниел 8 завршува со Даниеловото несфаќање на делот од визијата кој се однесува на 2300 денови – времето на почетокот на предадвентното судење.
Даниел 9
Сега доаѓаме до 9. глава на Даниел. Постои нешто што не можеме доволно да го нагласиме. Никаде во ова глава Даниел не бара какво било објаснување. Најголем дел од ова глава се состои од молитви на Даниел за неговиот народ кој е во заробеништво – тоа е сè.
Клучот е во фактот дека единствено нешто што му е непознато на Даниел е чистењето на Светињата во Даниел 8,14.
Што се случило понатаму во 9. глава на Даниел откако Даниел се помолил и ги признал своите гревови и гревовите на Израел?
Да го вразуми (да му даде објаснување) во однос на што? Очигледно, во однос на последната нејаснотија од претходната визија од 8. глава на Даниел.
Погледнете што следува. Гаврил потоа му вели на Даниела:
Да ја разбере визијата? Која визија? Секако, последната визија што ја добил Даниел – делот кој тој не го разбрал – визијата за 2300 денови и ноќи од Даниел 8,14.
Забележете дека постојат два различни збора за визијата во Даниел 8 – еден збор е за целокупната визија (хазон), а другиот е посебен за визијата за 2300 денови (mare’). Интересно е дека истиот збор за визијата (mare’) е токму зборот што го користи Гаврил кога му вели на Даниел – „разбери го видението“ (mare’).
Да се запрашаме каков вид визија било пророштвото од Даниел 8,14? Тоа е временско пророштво. Што му кажува Гаврил на Даниел откако го повикал да го разбере временското пророштво од Даниел 8,14?
Во истиот миг вели:
Каков е тој вид пророштво? Секако, тоа исто така е временско пророштво. Затоа е многу јасно дека сега Гаврил се вратил да му го објасни временското пророштво – 2300 денови – кое Даниел не го разбрал кога го примил пророштвото од 8. глава.
Начелото „Ден за година“
Според тоа, овде има две пророштва: она за 2300 денови од Даниел 8,14 и пророштвото за 70 седмици од Даниел 9,24-27.
2300 денови (години)
70 седмици = 490 денa (години)
Зошто деновите ги претворивме во години?
И овие пророштва се претставени со симболи и метафори. Осмата глава на Даниел е во симболи – тука се овенот, јарецот и малечкиот рог. Оттука, и самото време е симболички претставено. Затоа во Даниел е потребна примена на начелото „ден за година“. Како што проучувавме во додатокот за 1260 денови, во симболичките пророштва како што се овие, треба да го примениме начелото „ден за година“.
Исто така, 8. глава на Даниел започнува со Медо-Персија, многу векови пред Христа и продолжува со царството на Александар Македонски и Рим – и паганскиот и папскиот – во иднината, сè до нашето време. Буквалните 2300 денови се помалку од седум години. Како таа визија, која покрива толку голем опсег од историјата, може да заврши со временско пророштво кое покрива помалку од седум години? Тоа нема смисла. Ако го примениме начелото „ден за година“, тоа ненадејно се претвора во 2300 години – што е огромен временски опсег, кој далеку подобро се вклопува во опсегот и просторот на тоа пророштво отколку само седум години. Ова е уште една добра причина зашто во ова пророштво треба да се примени начелото „ден за година“.
Исто е и со 70 седмици – 70 седмици од по 7 дена изнесува 490 денови.
Како што видовме, 8. и 9. глава на Даниел се два дела од исто пророштво – 9. глава дава објаснување за 8. глава – а во двете треба да се примени начелото „ден за година“. Така со примена на ова начело добиваме 490 години. Оваа вистина ќе биде уште поочигледна во продолжение на лекцијата.
Пророштвото за 70 седмици
Како што видовме, Даниел не ја разбрал визијата (mare’) за 2300 години од Даниел 8,14. Во 9. глава, ангелот Гаврил повторно доаѓа да му ја објасни таа визија (mareh) и поаѓа од временското пророштво од 70 седмици.
Еве го целокупното пророштво. Откако Гаврил го повикува Даниела да ја разбере визијата (mare’), тој вели:
Иако во ова пророштво има многу што е вредно за проучување, треба да се сосредоточиме на неколку точки.
Пред сè, тука пишува „Седумдесет семици се определени“. Еврејскиот збор за одредено буквално е отсечено. Значи, 70 седмици – или 490 години – се отсечени; од што? Очигледно, од необјаснетото поголемо временско пророштво – 2300 години. Овде можеме да видиме доказ повеќе во прилог на блиската поврзаност на овие две временски пророштва. Седумдесет седмици е само помал дел од поголемото пророштво – за 2300 денови. Со оглед на тоа дека за пророштвото за 2300 денови треба да се примени начелото „ден за година“, тогаш и за пророштвото за 70 седмици треба да се примени истото начело.
Тука пишува дека 70 седмици – или 490 години – се отсечени од пророштвото за 2300 денови. Но кога започнува самото тоа пророштво? Во истиот момент ни се вели:
Од заповедта да се обнови и повторно да се изгради Ерусалим, па до Помазаникот (Месија) Божји ќе бидат 7 седмици и 62 седмици, што даваат 69 седмици. Така веднаш се издвојуваат 69 од 70 седмици. Ако сега го примениме начелото „ден за година“ – затоа што мораме – овде се покриваат 483 од 490 години.
Датумот на заповедта да се обнови и повторно да се изгради Ерусалим (Даниел пишувал откако Вавилонците го уништиле тој древен град) може точно да се утврди 457 години пред Христа – што е, патем речено, датумот кој Исак Њутн го користел за своите толкувања на ова пророштво.
Божјиот помазаник (Месија)
Зборот Месија е превод на хебрејскиот збор кој значи „оној кој е помазан“ т.е. помазаник. Христос е грчки збор кој исто така значи „помазаник“. Така ова пророштво тврди дека од заповедта да се обнови и повторно да се изгради Ерусалим (457 г. пред Христа) „до Помазаникот Божји“ (Даниел 9,25) ќе изминат 483 години. Помазаникот (Месија) Божји, секако, е Исус Христос. Не е случајност што тргнувајќи од 457-та г. пред Христа, па додавајќи 483 години, се стигнува до 27-та г. од нашата ера. Поради преминот на сметањето на годините пред Христа и нашата ера, се додава една година затоа што не постои нулта година. Така, наместо 26 – што се добива со одземање на 457 од 483 – добиваме 27 г. од нашата ера.
Нашите најдобри историски записи покажуваат дека Јован Крстител го крстил Исуса на Јордан во 27 г. од нашата ера.
Бог не ни остава простор за сомнеж. Тој одредено ни кажува кога Исус од Назарет станал Исус Христос – Помазаник, т.е. Месија:
Во текот на своето крштавање, Исус бил помазан со Светиот Дух и оттогаш ја отпочнал својата јавна служба како Христос, а Лука во своето Евангелие ни го дава и прецизното време. Воочете го ова:
Не е случајно што историјата потврдува дека 15-тата г. од владеењето на Тибериј Цезар била 27-та г. од нашата ера. Тој продолжува:
Фактот дека ова укажува на Исуса е дополнителен доказ на исправноста на начелото „ден за година“, затоа што, ако го прифатиме буквално времето – само 69 седмици – заповедта да се обнови и повторно да се изгради Ерусалим (457 г. пред Христа) нема да нè доведе ни близу до познатите датуми за Исус, што е прв век од нашата ера. Со начелото „ден за година“ овој проблем е решен.
Ова пророштво, кое зборува за Месија – за Исус – исто така вели:
Овој стих ја воведува последната седмица – последните 7 години, зашто првите 483 години се веќе објаснети. Така сега сите 490 години – кои почнале во 457 г. пред Христа – се пресметани во пророштвото.
Што значи тоа дека ќе „а во половината на седмицата ќе престанат жртвата и приносот“?
Во пророштвото претходно пишува: „Помазаникот ќе биде предаден на смрт“ (Даниел 9,26), што е јасно повикување на Исусовата смрт. Всушност, историјата покажува дека Исус е крстен во реката Јордан во 27 г. од нашата ера и дека точно по три и пол години подоцна бил распнат на крстот, на кој „Помазаникот ќе биде предаден на смрт неправедно“ (Даниел 9,26), или, како што вели друг превод, „ќе биде погубен, но не за себе“. Така е; Тој е погубен поради гревот на овој свет. Библијата покажува во Марко 15,38 дека, во мигот на неговата смрт, завесата во земската Светиња се скинала.
Ова го симболизира официјалниот крај на жртвите како симбол, зашто тие се исполниле во Исуса. Жртвите продолжиле да се принесуваат во Храмот сè додека не го уништиле Римјаните во 70 г. од нашата ера, но тоа веќе немало пророчко значење, туку претставувало само обично колење животни.
Средината на таа последна седмица – по 3,5 години – паѓа во 31 г. од нашата ера, а тоа е датумот кога Исус е навистина распнат – погубен.
Конечно, изјавата по која „и во една седмица ќе склопи завет со мнозина“, често се поврзува со каменувањето на првиот христијански маченик – Стефан (да се види: Дела 7. глава). Ова се случува во 34 г. од нашата ера – што е крај на пророштвото за 490 години. Во овој момент, заветните ветувања што им биле дадени на самите Израелци сега му се даваат на секој оној што верува во Исуса Христа – било на Евреите било на паганите.
1844 година
Оваа схема ја покажува суштината на пророштвото од Даниел 8,14:
Иако во ова пророштво многу други елементи заслужуваат да ги истражиме, моментално ни се важни два клучни елемента. Прво, пророштвото за 490 години е отсечено од поголемо пророштво – од 2300 години. Второ, почетокот на 490 години, а оттаму и 2300 години – на кој не му е даден почетокот во Даниел 8 – е 457 година пред Христа.
Сега да ги погледнеме двете пророштва заедно – зашто тие се всушност едно:
70 седмици (Даниел 9) се отсечени од визијата (марех) за 2300 денови (Даниел 8).
Кога од 2300 години ќе го отсечеме пророштвото за 490 години, што добиваме?
2300 – 490 = 1810
Значи, 1810 години по 34 г. од нашата ера, кога истекле 70 седмици, т.е. 490 години, доаѓаме до 1844 година.
Чистењето на Светињата од Даниел 8,14 започнува во 1844 година. Поаѓајќи од заповедта да се обнови и одново да се изгради Ерусалим како почеток, кога ќе се додадат 2300 години, со поместување на сметањето од преминувањето на старата во нашата ера, доаѓаме до 1844 година. Ако почнете со 34 г. од нашата ера – што е крајот на 490 години – и едноставно ги додадете преостанатите 1810 години – повторно ја добивате 1844 година.
Периодот од 2300 години од Даниел 8,14 досегнува до 1844 година – што е најдолг пророчки период во Библијата, и тој нè води од стариот век до нашето време.
Една друг восхитувачки факт што е поврзан со овој датум е неговата усогласеност со содржината на една дополнителна лекција, во која видовме дека датумот на прогонството што го спроведува малиот рог ќе заврши околу 1798 година. Како што видовме, дури по овој датум започнал да работи предадвентниот суд. Така 1844 година совршено се вклопува и со пророштвото на Даниел 7.
На страна на светите
Според тоа, чистењето на Светињата започнува во 1844 година. Тогаш започнува предадвентното судење, кое толку живописно го прикажува 7. глава на Даниел:
Ова судење, кое почнало во 1844 година, е наклонето кон Божјите свети. Навистина, кога тоа ќе заврши, тие ќе бидат во Божјото вечно царство, односно кога тоа судење ќе заврши и кога Исус ќе се врати, светот каков што го познаваме ќе го снема, а светите ќе влезат во своето царство.
Ако тоа не е важно, што е важно?
Не заборавајте дека овој суд е на страна на Божјиот народ. Зошто? Дека тие се совршени? Не, туку затоа што Исус умрел како нивна Замена и Тој сега е нивен Првосвештеник на Небото. Тие сега стојат пред тој суд покриени со неговата праведност, со неговата светост – а не со нивната сопствена, зашто нивната не е доволно добра – дури ни одблизу (да се види: Исаија 64,6).
Според шемата на земската Светиња, кога Светињата би се чистела (3. Мојсеева 16), се изведувало помирување за сите луѓе затоа што се пролевала крв за нив – крв која ја симболизирала Исусовата смрт. Ритуалот кој се изведувал еднаш годишно – познат како Ден на помирувањето – е земски симбол, земски тип на судење опишано во Даниел 8,14. Радосната вест за ова судење гласи дека целокупната 16. глава од 3. Мојсеева ја прикажува службата на помирување за децата на Израел. Помирувањето секогаш е Божје дело во полза на неговиот народ, со кое Тој го прави она што тие не можат да го направат за себе – да се спасат од своите гревови.
Поради тоа овој старозаветен Ден на помирување симболички го претставува времето во кое ние сега живееме – време посветено на Божјото дејствување за да нè доведе во своето вечно царство.
Затоа ова судење – предадвентното судење, кое започнало во 1844 година – ни вели: „Крајот е близу. Покријте се со Исусовата крв!“ (2. Коринќаните 5,7).
Да ја согледаме оваа епопеја: додека силите на злото на Земјата се подготвуваат за својот последен напад врз Божјиот народ (8. глава на Даниел и 13. глава од Откровение), на Небото се одвива предадвентното судење (8. глава на Даниел). Последната Божја порака што ја носат три ангела (Откровение 14,6-12) укажуваат на овие два процеса, низ гласен повик и итно предупредување дека крајот е близу.
И друг ангел се појави по него, велејќи: ’Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство!’
И трет ангел по него наиде, зборувајќи со висок глас: ’Кој ќе му се поклони на ѕверот и на бистата негова, и прими белег на челото свое или на раката своја, тој ќе пие од виното на јароста Божја, вино неразводнето, излеано во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур пред светите ангели и пред Јагнето. Димот од мачењето нивно ќе се издига во сите векови; нема да имаат мир ни дење, ни ноќе оние што ќе му се поклонат на ѕверот и на неговата биста, и што ќе го примат белегот на неговото име!’
Тука е трпението на светиите; тука се оние што ги пазат заповедите Божји и верата во Исус“ (Откровение 14,6-12).